Минимален пораз за кадетите на гостувањето во Штип

Штипска Брегалница е наш противник во рамките на 11.коло
02/25/2022
Без победник на младинскиот натпревар на Брегалница и Кул
02/26/2022

Минимален пораз за кадетите на гостувањето во Штип

Кадетите на Кул денес гостуваа на екипата на Брегалница, на натпревар од 11.првенствено коло. Домашниот тим од Штип дојде до победа со резултат 2:1 (2:1).

Одигравме добар натпревар во Штип, но сепак на крајот Брегалница ги освои бодовите. Уште во 3.минута од натпреварот противникот успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 со погодокот на Оливер Тодоров. Покрај раната негатива успеавме брзо да се вратиме на натпреварот и да го израмниме резултатот на 1:1 со погодокот на Димитар Стоимов во 20.минута од натпреварот. Манасиевски пресече една топка на противничката половина, додаде до Ќеховиќ кој го проигра Димитар Стоимов кој биеше прецизно во десниот голмански агол. Штета што не постигнавме уште еден гол во овој дел од дуелт, голема шанса имаше Горјан Манасиевски, но ја погоди само стативата од голот на Штипјани. На една минута пред крајот на првиот дел, домашниот тим повторно успеа да реализира за водство од 2:1 со погодокот на Иса Дурмишов.

Во второто полувреме имаше шанси на двете страни, но мрежите до крајот мируваа. Кај нас во прилика се најде Виктор Зафироски и Манасиевски, но немаше реализација. На нашиот гол неколку добри интервенции имаше Мартин Цветковски. Натпреварот заврши со резултат 2:1.

КУЛ: Мартин Цветковски (К), Шевал Мифтари, Стефан Ѓорѓиев, Марко Мицевски, Бојан Јанкулоски, Алан Ќеховиќ, Димитар Стоимов, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски, Филип Стојанов и Мухамедин Фејзула.

Играа уште и Виктор Зафироски, Никола Крстевски, Осман Фејзула и Јордан Петровски.