Без победник на младинскиот натпревар на Брегалница и Кул

Минимален пораз за кадетите на гостувањето во Штип
02/26/2022
Падна Брегалница, прва сезонска победа за помладите пионери
02/27/2022

Без победник на младинскиот натпревар на Брегалница и Кул

Младинците на Брегалница и Кул одиграа без голови, на натпревар од 11.коло во младинската Супер Лига. На теренот „Бело Брдо“ во Штип, натпреварот заврши со резултат 0:0.

Двете екипи имаа свои шанси за отварање на резултатот на овој натпревар, но и до истекот на 90-те минути не видовме погодок. Домашата екипа најзрелата шанса ја имаше кога ја погоди пречката од нашиот гол, додека кај нас добра прилика имаше Томи Станковски кој после асистенција од Јаневски се обиде да го лобува противничкиот голман но топката отиде преку голот. Во вториот дел најдобрата шанса ја имавме преку Ангел Петрушевски кога топката помина неколку сантиметри крај стативата. На спротивната страна за одбележување се и две добри прилики за Брегалница, но Андреј Ројчинов денес беше одличен на голот и не дозволи да биде совладан. На крајот дуелот заврши со почетните 0:0.

КУЛ: Андреј Ројчинов, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Љупче Стефановски, Дамјан Ивановски, Филип јаневски, Стефан Здравески, Никола Николов, Гоце Коцевски, Ангел Петрушевски и Томи Станковски.

Во игра влегоа и Леонид Стојчевски и Бодан Тодоровски.