КУЛ против Скопје, во рамките на 12.првенствено коло

После пауза од две години се враќаат натпреварите во „Детската Лига на ФФМ“
03/03/2022
Помладите пионери редат победи, ФК Скопје „падна“ пред нивниот налет
03/05/2022

КУЛ против Скопје, во рамките на 12.првенствено коло

Во рамките на 12.првенствено коло нашиот клуб за противник го има тимот на Скопје.

Во сабота (05.03), пионерските екипи се домаќини на Скопје. Натпреварите ќе се одиграат на Цементарница со почеток од 12:00 и 14:00 часот.

Во недела (06.03) кадетите и младинците ќе гостуваат на истиов противник, на теренот „Нова Колонија“. Натпреварите ќе започнат од 12:00 и 14:00 часот.

Нашиот клуб е подобар на табелата во сите категории, додека Скопје највисоко котира со пионерите кои имаат освоено 12 бодови. Кадетите и младинците се уште немаат освоено бод, додека помладите пионери на контото имаат 3 бодови.