КУЛ повторно гостин на Партизан, пријателски натпревари со генерациите 2009 и 2010

Одложените натпревари со Скопје ќе се одиграат во четврток
03/09/2022
Кадетите славеа на гостувањето кај Скопје
03/10/2022

КУЛ повторно гостин на Партизан, пријателски натпревари со генерациите 2009 и 2010

Нашиот клуб повторно ќе патува за Белград, каде ќе биде гостин на ФК Партизан. Дружбата и соработката со црно-белите се зајакнува, а повторно ќе имаме можност да одиграме контролни натпревари.

Овој пат ќе патуваме со генерациите 2009 и 2010 кои во петок ќе ги одмерат силите со врсниците од екипата на Партизан. Вечерва ќе имаме чест да присуствуваме на стадионот „Партизан“ каде во живо ќе го проследиме првиот натпревар од 1/8 финалето во Конференциската Лига, меѓу екипите на Партизан и Фенеорд од Холандија.