Кадетите славеа на гостувањето кај Скопје

КУЛ повторно гостин на Партизан, пријателски натпревари со генерациите 2009 и 2010
03/10/2022
Четврта сезонска победа за нашите младинци, три бода од гостувањето кај Скопје
03/10/2022

Кадетите славеа на гостувањето кај Скопје

Денес на теренот во Нова Колонија, заостанатиот натпревар од 12.коло го одиграа нашите кадети кои гостуваа кај екипата на Скопје. Успеавме да славиме победа со резултат 1:2 (0:2).

Заслужена победа за момците на Стефановски, кои прикажаа повеќе од противникот. Се играше 25 минута од натпреварот кога Манасиевски асистираше до Бојан Јанкулоски кој направи соло продор и постигна убав гол од 25.метри за отварање на резултатот од 0:1. Во последната минута од првото полувреме, нашиот состав успеа да го зголеми резултатот на 0:2. Стрелец на голот беше Јован Митревски, кој погоди на одбиена топка, откако претходно во акција беше Јанкулоски кој шутираше кон голот, но за момент домашниот голман одбрани, за топката да стигне до стрелецот Митревски. Во првите 45 минути обиди имаа и Јанкулоски кој шутираше над голот, како и Стоимов, но немаше реализација.

Во вториот дел, домашната екипа успеа да го намали резултатот на 1:2, во 61.минута од дуелот. После изведен корнер на противникот, после една мешаница во нашиот шеснаесетник си постигнавме авто гол. Скопје во овој дел од натпреварот имаше уште една голема прилика, но Мартин Цветковски имаше двојна интервенција и спречи израмнување. Ние исто така имавме обиди, но ништо поконкретно кон голот на домаќинот. На крајот нашите кадети славеа со резултат 1:2.

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Мартин Цветковски, Никола Крстевски, Стефан Ѓоргиев, Јован Митревски, Бојан Јанкулоски (К), Димитар Стоимов, Шевал Мифтари, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски, Филип Стојанов и Мухамедин Фејзула. 

Играа уште и Милан Дончевски и Илче Миланоски.