Четврта сезонска победа за нашите младинци, три бода од гостувањето кај Скопје

Кадетите славеа на гостувањето кај Скопје
03/10/2022
Последно коло од првиот натпреварувачки круг, наш противник е екипата на Шкендија
03/11/2022

Четврта сезонска победа за нашите младинци, три бода од гостувањето кај Скопје

Младинците на Кул стигнаа до рутинска победа на гостувањето кај екипата на Скопје, на натпревар од заостанатото 12.коло во младинската Супер Лига. Полесно од очекувањата славевме висок триумф изразен со резултат 0:5 (0:2).

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андреј Ројчинов, Љупче Стефановски, Дамјан Ивановски, Стефан Здаревски (К), Филип Јаневски, Гоце Коцевски, Томи Станковски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Никола Николов и Ангел Петрушевски. 

Имавме повеќе шанси во првиот дел од натпреварот, од кои две успеавме да претворивме во гол. После само 12.минути игра имавме водство од два гола разлика. Резултатот беше отворен уште во 9. минута од натпреварот кога после една наша акција Здравески се обиде да го загрози противничкиот гол, шутираше, но топката се одби од еден од противничките играчи, истата стигна до Гоце Коцевски на кој не му беше тешко да го совлада домашниот чувар на мрежата, за предност од 0:1. На вториот гол се чекаше само три минути, кога во предноста на 0:2 ја зголеми Томи Станковски. На голот претходеше акција во која Јаневски ја погоди стативата, за топката да се одбие до Станковски кој ја погоди мрежата. Иако имавме уште неколку прилики, сепак на краток одмор се замина со резултат 0:2. Како најзрела шанса во овој дел од дуелот ќе ја споменеме онаа Коцевски, кој после центар шут на Ивановски од левата страна, од непосредна близина не успева да погоди и биеше преку голот.

Нашиот состав доминираше и во вториот дел од натпреварот, едноставно беше очигледна разликата во квалитет на две страни. Продолживме со офанзивна игра и веќе во 51 минута имавме солидно водство од 0:3. После добра акција од десната страна, Ристески Бојан упати центар шут, топката стигна до Станковски кој несебично го проигра Ангел Петрушевски на втората статива, овој успева да ја вметна топката во мрежата за резултат 0:3. За само шест минути успеавме да постигнеме уште два гола. Во 62 минута во листата на стрелци успева да се запише и Филип Јаневски кој одигра дупли пас со Дамјан Ивановски, за Јаневски да постигне гол на поблиската статива за водство од 0:4. Конечните 0:5 во 68 минута ги постави капитено Стефан Здравески кој со удар од 16.метри успева прецизно да бие на левата голманска страна, иако голманот на Скопје се обиде да интервенира, сепак топката заврши во неговата мрежа. На крајот убедлива победа за нашата младинска екипа.

Во игра на овој натпревар влегоа уште и Леонид Стојчевски, Александар Буковски, Кристијан Цветановски и Бодан Тодоровски. 

Ова беше четврта сезонска победа за нашите младинци, кои во следното коло на домашен терен ја пречекуваат екипата на Шкендија, во рамките на последното коло од првиот натпреварувачки круг.