Со „магичен“ пресврт, пионерите на КУЛ во дербито ја победија Шкендија

Како „препородени“ помладите пионери ја добија Шкендија во Тетово
03/12/2022
Два нови натпревари за генерацијата 2011 во Детската Лига
03/12/2022

Со „магичен“ пресврт, пионерите на КУЛ во дербито ја победија Шкендија

Пионерите на ФК КУЛ денес направија подвиг и со пресврт после два гола негатива дојдоа до победа во Тетово кај Шкендија. Нашите момци на одмор заминаа со негатива 2-0, а победија со резултат 2-3.

За КУЛ дуелот го започнаа: Димитриевски Давид, Љубомировски Дамјан, Стефановиќ Владимир (К), Богдановски Томислав, Фејзула Осман, Ахмедов Мохамед, Стефановиќ Виктор, Амети Лулзим, Наков Борјан, Васиќ Даниел и Нацев Бојан.

Во првот дел ние имамвме прилики кои не ги искористивме, имавме желба за водство но недостасуваше конкретна реализиација. Домашниот тим не казни, и успеа да поведе со 1-0 во 25.минута. Се обидовме и да се вратиме на резултатска симетрија на оваа средба, но по 35.минути фудбал противникот успеа и да ја удвои својата предност. Токму со резултат 2-0 негатива заминавме на одмор, нашата добра и борбена игра во овој период даваше надеж за поволен исход во вториот период од дуелот.

Во вториот дел бевме неверојатни, комплименти за нашата игра до момците, најпрвин се закани Наков Борјан кон голот на црно-црвените, тој беше очи во очи со противничкиот голман, сепак не погоди. Потоа своја шанса имаше и Амети Лулзим,  сепак не успеавме, иако игравме добро во овој период. Почна да доаѓа наградата за играта „од срце“. Најпрвин Наков Борјан во 56.минута ја преполови предноста на ривалот со гол за 1-2. По само 4.минути, ние бевме на почетокот, успеавме да дојдеме до реми исход. Топката дојде до Цамиќ Белмин кој во 59.минута донесе реми 2-2 и надеж дека можеме да дојдеме до целосен пресврт на оваа средба. Големото срце на нашите момци дојде до израз кога и по трет пат ја затресовме мрежата на Шкендија, за целосен пресвет. Во 83.минута Мохамед Ахмедов носи минимално, но вредно водство од 2-3 и тоа со удар од белата точка, откако претходно фаулиран во шеснаесетникот на домаќинот беше Наков. Успеавме во последните седум минути од регуларниот дел и дополнувањето да го издржиме притисокот за изедначување на тетовчани и да дојдеме до три бода.

Играа уште Белмин Цамиќ и  Адис Зекири. Ова беше осма победа сезонава за нашите пионери, бодови со кои остануваме во борбата за освојување на шампионската титула.