Кул подобар од Вардар, пионерите се вратија на првенствените победи

Младинците без бодови од гостувањето кај Вардар, минимален пораз за нашиот тим
03/23/2022
(Фотогалерија) Осма првенствена победа сезонава за пионерите, три бода во дуелот со Вардар
03/24/2022

Кул подобар од Вардар, пионерите се вратија на првенствените победи

Нашите пионери се вратија на првенствените победи. Во рамките на 15.коло на Цементарница, пионерите на Кул беа подобри од екипата на Вардар. Конечниот резултат гласеше 2:0, со голови во првиот дел од натпреварот.

Тренерот Нацев започна со следниве 11-сетмина: Јордан Јосифов, Осман Фејзула, Томислав Богданоски, Мохамед Ахмедов, Бојан Нацев, Лулзим Амети, Адис Зекири, Даниел Васиќ, Белмин Цамиќ, Стефан Филиповски и Матеј Цветановски (К).

Првите два удари на натпреварот ги имаше Вардар, кои ги скроти нашиот голман Јосифов, но затоа ние при првиот директен удар успеваме да го отвориме резултатот. После само шест минути игра, успеваме да поведеме со 1:0. Даниел Васиќ со центар шут од слободен удар го пронајде Томислав Богданоски кој од неколку метри со глава ја заби топката во мрежата на Вардар. Црвено-црните уште не се совземаа од раната негатива, а веќе беа принуден за краток интервал и по втор пат да ја вадат топката од својата мрежа, откако со прекрасен гол на Даниел Васиќ од 20.метри да имаме предност и од 2:0 во 11.минута од натпреварот.

Гостинската екипа имаше можност да го намали резултатот, откако еден од нашите играчи играше со рака во нашиот голмански простор, главниот судија покажа на белата точка. Сепак Јордан Јосифов со одлична интервенција го брани ударот на Јакимовски и спречува намалување на негативата за Вардар. Гледавме борбена игра од двете страни, но сепак ние ги искористивме своите шанси во овој дел од натпреварот, до крајот на првиот дел немаше некоја друга поголема шанса, освен ќе одбележиме удар на противнички играч. кој беше лесен плен за Јосифов. По првите 45 минути, Кул имаше солидна предност од 2:0.

Во второто полувреме имавме контрола на играта и успеавме да ја зачуваме позитивата од два гола. Противникот имаше добра прилика да го намали резултатот, откако на одбиена топка еден од нивните играчи ја погоди пречката од нашиот гол, додека Јакимовски од редовите на Вардар имаше два удари кон нашиот гол, во првиот одбрани Јосифов, додека во вториот топката заврши крај голот. Ние одигравме смирено во остатокот од мечот и не дозволивме некоја посериозна шанса за намалување на резултатот.

Тренерот Нацев им даде шанса за настап на уште неколку играчи со цел да ја освежи екипата. Ние имавме два удари кон голот на Вардар, но ништо посериозно. На крајот победа за нашите пионери со резултат 2:0.

Кај нас играа уште и Дамјан Љубомировски, Петар Станковски, Андреј Алаџајков и Александар Блажески. Ова беше осма сезонска победа за пионерите во првенството.