Минимален пораз за помладите пионери од екипата на Вардар

Кадетите одиграа реми на гостувањето кај ФК Вардар
03/23/2022
Младинците без бодови од гостувањето кај Вардар, минимален пораз за нашиот тим
03/23/2022

Минимален пораз за помладите пионери од екипата на Вардар

Денес на Цементарница во рамките на 15.првенствено коло нашите помлади пионери за противник ја имаа екипата на Вардар. Натпреварот заврши со резултат 0:1 во корист на гостинската екипа.

Тренерот Рафески стартуваше со следниве 11-сетмина: Даниел Диковски, Милан Кузманоски, Петар Трајковски, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Александар Спасовски, Илхан Имеров, Хабиб Бектеши, Фисник Љамалари, Невен Костадинов и Тарик Ризвановиќ.

Гледавме мирно и борбено прво полувреме, игра која се одвиваше на средината на теренот. Двете одбрани не дозволија посериозни закани кон нивните голови, па на полувреме се замина со резултат 0:0. Ние имавме обиди преку Бектеши, Ризвановиќ и Трпевски, но ништо посериозно кон голот на Вардар, додека гостинската екипа имаше една добра прилика после центар шут од корнер, Гаштаров се најде во добра позиција, биеше со глава, но нашиот голман Диковски спречи негатива. Се на се, мирно прво полувреме, во кое не видовме погодок во двете мрежи.

Првата голема прилика во вториот дел ја имаше Вардар, кога после едно невнимание во нашата одбрана, се создаде прилика за Величковски кој биеше од десеттина метри, но одлично одбрани Диковски и спаси погодок во нашата мрежа. Кај нас, Ризвановиќ го имаше првиот обид во овој дел од натпреварот, откако од левата страна центрираше Трпевски, топката стигна до Ризвановиќ кој бие од прва, но без реализација. Гостинската екипа успеа да го отвори резултатот со голот на Ајетовиќ во 69.минута кој постигна гол со удар по земја, откосо од левата страна, за водство на Вардар од 0:1. Противникот имаше уште една добра прилика, кога стрелецот на голот Ајетовиќ од слободен удар ја погоди пречката од нашиот гол. Ние се обидувавме да создадеме некоја прилика за погодок, но Вардар добро затвори и ја исконтролира играта до истекот на 90.минути. На крајот победа за гостинот со резултат 0:1.

Играа уште и Јован Бошнаков, Олег Трифуновски и Никола Јовановски. 

После четири одиграни натпревари, помладите пионери доживеаа пораз, прв во пролетниот дел од сезоната.