Пионерските екипи гостуваат во Ѓорче, кадетите и младинците домаќини на Њу Старс

Распоред на натпревари за нашиот клуб во Детската Лига на ФФМ
03/25/2022
Помладите петлиња на КУЛ со победа ја стартуваа новата сезона во Регионалната Скопска Лига
03/26/2022

Пионерските екипи гостуваат во Ѓорче, кадетите и младинците домаќини на Њу Старс

Продолжуваат натпреварите во младинската Супер Лига, на програмата е 16.коло во кое за противник ќе ја имаме екипата на Њу Старс.

Пионерските екипи во сабота (26.03) ќе гостуваат на Њу Старс, натпревари кои ќе започнат од 09:00 и 11:00 часот на стадионот во Ѓорче Петров.

Во недела (27.03), на Цементарница ни гостува Њу Старс со кадетите и младинците. Овие натпревари се закажани за старт од 10:00 и 12:00 часот на Цементарница.

Нови натпревари и секако нови возбудувања, Њу Старс е квалитетен противник, па сигурно дека не очекуваат интересни натпревари во сите категории.