Победнички старт за генерација 2007 во Регионалната Скопска Лига

Пионерите со нова победа, пом.пионери поразени од Њу Старс
03/26/2022
Висока победа за женската сениорска екипа на гостувањето кај Победа Валандово
03/26/2022

Победнички старт за генерација 2007 во Регионалната Скопска Лига

Повозрасните петлиња на Кул (генерација 2007) започна со победа во новата сезона на Регионалната Скопска Лига. Денес на Цементарница нашите надежи беа подобри од екипата на Пандев Јуниор, славејќи триумф со резултат 3:0 (2:0).

Тренерот Тодоровски започна со следниве 11-сетмина: Андреј Јованов (К), Даниел Николовски, Лео Мутовиќ, Душан Јовановски, Спасе Здравевски, Лука Тасевски, Лука Северов, Газменд Љамалари, Марко Стефановски, Гаврил Петаноски-Стојанов и Михаил Крстевски. 

Може слободно да се каже заслужена победа за избраниците на Тодоровски, кои имаа иницијатива и поголем посед на топка на натпреварот. Започнавме офанзивно уште од првата минута на натпреварот, а првата прилика ја имаше Спасе Здравевски, но одбрани гостинскиот чувар на мрежата и спаси рана негатива за неговиот тим. После една наша добра акција успеваме да го отвориме резултатот и да поведеме со 1:0, Лука Северов беше играчот кој во 26.минута ни донесе предност.

Противникот речиси и да не се закани посериозно во првото полувреме, во кое нашиот голман Јованов немаше работа. Затоа Марко Стефановски го постигна најубавиот гол на натпреварот, кој ретко се гледа на терените, и тоа со директен удар од корнер, за предност од 2:0 во 37.минута. Со овој резултат се замина на кратка пауза.

Без оглед на предноста од два гола, создававме константен притисок на противничката половина и во вториот дел. После акција од левата страна, Марко Стефановски се ослободи од неколку играчи, даде прецизна топка во противничкиот шеснаесетник до Газменд Љамалари кој биеше од некаде 10.метри но само крај голот, ова беше добра прилика за зголемување на резултатот.

Сепак во следната прилика, Љамалари успева да се запише во листата на стрелци, се играше акција од десната страна, во која најпрво Виктор Ангеловски ја погоди стативата од противничкиот гол, но топката се одби до Газменд Љамалари, на кој не му беше тешко од неколку метри да донесе водство од 3:0. Во овој дел од натпреварот, тренерот на Кул, Тодоровски шанса за настап им даде на уште неколку играчи кои беа на клупата за резерви. Во последните пет минути од дуелот се закани Стефановски, но одбрани голманот на Пандев Јуниор. Конечниот резултат гласеше 3:0.

Во игра влегоа и Марко Ристоски, Андреј Русовски, Петар Сандев и Благој Здравковски.