Без победник на натпреварот во Регионалната Скопска Лига, Кул и Шкендија одиграа без голови, кај генерација 2008

КУЛ на мегдан со Академија Пандев, на програмата е 19.коло
04/15/2022
Повозрасните петлиња на Кул поразени од Шкендија
04/16/2022

Без победник на натпреварот во Регионалната Скопска Лига, Кул и Шкендија одиграа без голови, кај генерација 2008

Денес на Цементарница во рамките на 4.коло од Регионалната Скопска Лига, генерацијата 2008 за противник ја имаше екипата на Шкендија. Натпреварот заврши без победник и голови, со конечни 0:0.

Тренерот Тодоровски започна со следниов состав: Ангел Цветевски, Мартин Гоџо, Драган Лазаров, Леон Ангелески (К), Андреј Николовски, Михаил Алексов, Ведран Арнаудов, Теодор Велковски, Трајче Талевски, Калин Лупевски и Трајче Костадинов.

Во првото полувреме не видовме погодок, ниту посериозна шанса кон двата гола. Се играше на средината на теренот и двете екипи беа претпазливи во своите обиди. Ние во првиот дел од натпреварот се заканивме преку Ведран Арнаудов и Калин Лупевски, но ништо сериозно кон голот на Шкендија. На кратка пауза се замина со почетните 0:0.

Во второто полувреме видивме по една голема шанса на двете страни за отварање на резултатот. После само две минути игра во вториот дел, беше досуден пенал за екипата на Шкендија, кој не беше реализиран, односно нашиот голман Ангел Цветевски со одлична интервенција спаси негатива за нашиот тим. Најголемата шанса кај Кул ја имаше Јован Гиевски кој немаше среќа, кога ја погоди пречката од голот на гостинската екипа.

Се играше акција од левата страна, по која борбениот Лупевски успеа да одземе топка, упати центар шут, а топката стигна до Гиевски кој биеше од некаде 18.метри погодувајќи ја пречката. Во овој дел од натпреварот обиди имаа Ангелески и Лупевски, но без реализација. Обид од слободен удар имаше и противникот, но денес Цветевски не дозволи да биде совладан. На крајот натпреварот заврши без голови, со резултат 0:0.

Во игра на натпреварот влегоа и Петар Крчаноски, Јован Гиевски, Лука Аврамовски, Матеј Ивановски, Андреј Кузманов и Тарик Муртиќ.