Пом.пионери со пресврт ја совладаа Ренова, Камчев „таличен“ за тетовчани

Последно коло во Детската Лига, од следниов викенд започнуваат елиминациските натпревари
05/13/2022
Пионерите со „петарда“ во мрежата на Ренова
05/15/2022

Пом.пионери со пресврт ја совладаа Ренова, Камчев „таличен“ за тетовчани

На стадионот „Цементраница“ денес помладите пионери на КУЛ ја пречекаа екипата на ФК Ренова од Тетово. На овој првенствен дуел победивме со пресврт и резултат 3-1 (0-1).

Започнавме со овој состав: Диковски Даниел, Мутовиќ Лео, Трпевски Петар (К), Стојановски Матеј,  Спасовски Александар,  Имеров Илхан, Трифуновски Олег,  Љамалари Фисник, Спасовски Дамјан,  Петаноски Стојанов Гаврил и  Јовановски Никола. 

Ние тргнавме офанзивно, првата прилика за гол за нашата екипа ја имаше Трифуновски Олег. Потоа гостинот од Тетово се закани, сепак нашиот голман Диковски Даниел беше сконцетриран. Имавме две прилики за погодок, преку Трпевски Петар, чии удари не донесоа водство иако имавме блага теренска инцијатива. До крајот на првиот дел видовме по една прилика на двата тима, за нас се закани Имеров Илхан со удар од дистаница. Противникот во 38.минута искористи една невнимателност и успеа да поведе со 0-1, токму со тој резултат се замина на одмор на полувреме.

Тргнавме да направиме целосен пресврт, по само 3.минути Мутовиќ Лео од непосредба близина со глава погоди во пречката. Ривалот се закани, на нашиот гол Диковски Даниел  повторно беше на висина на задачата. По 10.минути фудбал, во 55.минута дојдовме до резултатска симетрија, за нас погоди Трпевски Петар. Ние и по изедначувањето игравме поофанзивно и целевме кон целосен пресврт, на сцена стапи Камчев Стојанче кој во игра влезе во 58.минута. Тој најпрвин во  65.минута погоди за предност од 2-1, три минути потоа во  68.минута стрелаше за конечните на оваа средба 3-1.

Играа уште: Камчев Стојанче,  Костадинов Невен и Ризвановиќ Тарик.