Кадетите без бодови од натпреварот со ФК Брегалница Штип

Стартуваат елиминациските натпревари во Детската Лига на ФФМ
05/20/2022
ЖФК КУЛ ја продолжува серијата без пораз, реми кај Порече 2015
05/21/2022

Кадетите без бодови од натпреварот со ФК Брегалница Штип

Денес во рамки на 24.коло од кадетската Супер лига, на стадионот „Цементарница“ гостуваше тимот на ФК Брегалница од Штип. Гостите успеаа да бидат повешти на оваа средба и дојдоа до победа со резултат 0-3 (0-2).

Кул започна со следниот состав: Цветковски, Зафировски, Митревски, Мицевски, М. Фејзула , Јанкуловски, Методиевски, Манасиевски, Цветановски, Наков и Фејзула О.


Во 14.минута имавме прилика преку Дарио Методиевски кој прв се закани кон голот на гостинот, за жал ова промашување беше казнето во следната минута. Брегалница искористи едно наше невнимание во одбраната и поведе со 0-1 на ова средба. По голот имавме неколку прилики за нас, шанса за КУЛ најпрвин имаше Мицевски Марко. Потоа обид имаше Наков Борјан, а од слободен над гол удар упати Матеј Цветановски. Ние бевме преселени пред голот на штипјани, од слободен удар силно по земја се закани Дарио Методиевски, „чуварот на мрежата“ на штипјани успеа да одбрани. До крајот имавме уште неколку обиди кои не донесоа резултатска симетрија на оваа кадетска суперлигашка средба, затоа од единствената вистинска шанса во последните секунди Брегалница успеа да погоди. Тие ја удвоија предноста на 15.секунди до последниот судиски свиреж и со резултат 0-2 заминаа на одмор на овој натпревар.


Во вториот дел гостинот постојано се бранеше, ние напаѓавме со сите сили. Прва прилика како и во првото полувреме имаше Дарио Методиевски, кој со глава упати удар од 7-8.метра, топката мина крај левиот директ. Шансите се редеа пред голот на противникот најпрвин прилики за нас впишаа Фејзула Мухамедин и Митревски Јован, нивните удари не донесоа погодок.Потоа крај голот на штипјани силен удар упати и Јанкулоски Бојан. Кадетите на Кул постојано беа пред казнениот простор на противникот, нововлезениот Јордан Петровски шутна откосо од 20.метра, топката за жал мина над гредата и оваа прилика за намалување на водството не вроди со „плод“.

Гостинот не можеше да се ослободи од притисокот, успеваше само со долги топки да ја префрли средината, но кратко потоа нашите момци ја освојуваа топката и беа повторно во офанзива. Уште еден нововлезен играч, Васиќ Даниел се закани тој упати силен удар од 20.метра, топката мина над гредата, Јанкуловски Бојан се обиде исто од дистанца да го „разбие бункерот“ на ривалот, неговиот удар не донесе погодок. Митревски Јован на 7.минути до крајот од слободен удар упати силен удар по земја, голманот на гостинот и оваа топка успеа да ја скроти. Дури и силниот удар на Дарио Методиевски не донесе гол за нас, ние бевме целосно отворени па противникот искористи прилика и во контра напад ги постави конечните 0-3.