Победа за КУЛ над Форца во дуел од Регионалната скопска лига кај генерација 2008

Младинците на ФК КУЛ убедливо ја совладаа Брегалница со 8-2 , Станковски постигна половина од головите
05/21/2022
Висока победа за КУЛ генерација 2007 на натпреварот против Форца
05/21/2022

Победа за КУЛ над Форца во дуел од Регионалната скопска лига кај генерација 2008

Денес во рамките на 8.коло од регионалната скопска лига, генерацијата 2008 на ФК КУЛ го пречека тимот на Форца на домашен терен. На дуелот кој се одигра на стадионот „Цементарница“ нашите момци дојдоа до триумф со резултат 1-0 (1-0).


Кул започна со овие 11 момци: Цветевски Ангел, Димковски Филип, Лазаров Дарган , Алексов Михаил, Ангелески Леон, Николовски Андреј( К) , Талевски Трајче, Муртиќ Тарик, Лупевски Калин , Велковски Теодор и Гоџо Мартин.


Започнавме одлично, имавме посед на топката и успевавме да оствариме теренска доминација на оваа средба. Тоа донесе прилика за гол која ја реализираше, Талевски Трајче, кој успеа да ни донесе предност од 1-0 на оваа средба. Тргнавме да ја удвоиме предноста, прва голема прилика имаше Муртиќ Тарик, кој излезе сам на сам со голманот на гостите. Доминиравме и имавме повеќе од играта, до крајот на првиот дел дури тројца различни наши играчи имаа прилика да ја удвојат предноста на оваа средба. Најпрвин се заканија Талевски Трајче и Николовски Андреј, последен обид во првиот дел за нас имаше Велковски Теодор. Сепак и покрај големиот број на прилики моравме да се задоволиме со минимална предност за време на паузата, отидовме на одмор со резултат 1-0 за нас.


Во вториот дел продолживме со исто темпо, прва прилика пред голот на Форца имаше Велковски Теодор. Скопскиот ривал се закани, нашиот „чувар на мрежата“, голманот Цветевски Ангел успешно ја острани опасноста и не дозволи изедначување од една од ретките шанси. Николовски Андреј упати одличен удар, топката за жал мина за малце крај оквирот од голот на Форца.

Ангелески Леон упати одличен удар од 20.метри и неговиот удар мина крај конструкцијата од голот. Успеавме со офанзивна игра да ја зачувавме предноста и да дојдеме со три бода.

Во игра влегоа: Аврамовски Лука,  Арнаудов Ведран, Кузманов Андреј и  Митевски Дамјан.