Младинците на ФК КУЛ убедливо ја совладаа Брегалница со 8-2 , Станковски постигна половина од головите

ЖФК КУЛ ја продолжува серијата без пораз, реми кај Порече 2015
05/21/2022
Победа за КУЛ над Форца во дуел од Регионалната скопска лига кај генерација 2008
05/21/2022

Младинците на ФК КУЛ убедливо ја совладаа Брегалница со 8-2 , Станковски постигна половина од головите

Избраниците на Гаге Стефаноски доминираа на дуелот на „Цементарница“ и остварија победа со резултат 8-2 (3-0). На денешниот натпревар, младинците на ФК КУЛ  ја пречекаа екипата на Брегалница,  ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра,  бевме тимот кој диктираше темпо од првиот до последниот момент.


Младинците на КУЛ започнаа со овие 11: Ројчинов, Стојанов, Стефановски, Ивановски, Петрушевски, Јаневски, Коцевски, Здравески (К), Станковски, Ивановски и Стоимов.

На оваа средба тргнавме со сите сили во офанзива од самиот почеток, ја посакувавме и ја „нападнавме“ победата. По една мешаница пред голот на штипјани, одлично се снајде Петрушевски Ангел, кој со лукав и одмерен удар успеа да погоди за 1-0. По овој момент ние продолживме да напаѓаме, имавме слободен удар на 17.метра, Томи Станковски упати убав удар кој за жал мина неколку сантиметри покрај стативата. Коцевски Гоце имаше шанса да ја удвои предноста со волеј од 20-сетина метра, кој не заврши во мрежата на ривалот. На нашиот гол Ројчинов одбрани два одлични удари со пожртвуван пад во противничките напаѓачи. Капитенот, Стефан Здравевски успеа да стрела за 2-0, со неговиот погодок ја удвоиме предноста, сосема заслужено водевме поради енергичната и офанзивна игра. Противникот се обидуваше само спорадично да нападне, но на нашиот гол одличен беше Андреј Ројчинов, кој даваше додатна самодоверба на колегите на денешниот натпревар. Пред крајот на првиот дел „печат“ стави Томи Станковски кој стрелаше за високи 3-0.


Тргнавме офанзивно и во вториот дел, исто како и во првиот период и во вториот истиот играч беше таличен за ривалот. Петрушевски Ангел, одлично одигра во казнениот простор и стрелаше за високи 4-0. Противникот успеа да намали на два гола предност, некаде на средината на вториот дел штипјани погодија за намалување на 4-2. Ние веднаш тргнавме да ја вратиме предноста, одличен шут од слободен удар кој за жал заврши над гредата имаше капитенот Стефан Здравески.

Сепак во тоа успеа Томи Станковски, со неговиот втор гол денес, по нафрлена топка од левата страна со глава постигна убав статива-гол за „петарда“, односно за водство со 5-2. Ова момче не се задоволи со тоа, веднаш по тоа два пати мина чуварите и по трет и четврти пат беше таличен за ривалот, погодувајќи силно по земја за 6-2 и високи 7-2. И по овој погодок ние имавме доминација на теренот, бевме тимот кој постојано доминира. Точка на средбата со гол за конечните 8-2 стави, Стефановски Љупче во последната минута од средбата пред последниот судиски свиреж.