ЖФК КУЛ ја продолжува серијата без пораз, реми кај Порече 2015

Кадетите без бодови од натпреварот со ФК Брегалница Штип
05/21/2022
Младинците на ФК КУЛ убедливо ја совладаа Брегалница со 8-2 , Станковски постигна половина од головите
05/21/2022

ЖФК КУЛ ја продолжува серијата без пораз, реми кај Порече 2015

ЖФК КУЛ денес гостуваше кај тимот на Порече 2015 на натпревар од сениорската лига. На оваа средба видовме  по два погодока  во двата дела кои го одредија конечниот исход, дуелот заврши со резултатска симетрија 2-2 (1-1).

Кул започна со овој состав: Комненова Ведрана,  Крстеска Елена ,  Крстева Кристина,  Матиќ Ива,  Стефаноска Сара,  Милошевска Симона,  Стефаноска Симона (К) , Здравевска Ива,  Петрушевска Сара,  Митревска Тања и  Пејаковиќ Аниел.

Половина од головите беа постигнати во првиот период од натпреварот, домаќинот тимот на ЖФК Порече 2015 поведе со 1-0 по само пет минути фудбал на Градското Игралиште во Македонски Брод. Нашите дами тргнаа со сите сили да израмнат, успеаа во тоа по 23.минути. Израмнивме на 1-1 во 28.минута од оваа женска сениорска средба, Митревска Тања  успеа да ја врати резултатската симетрија. Со резултат 1-1, се замина на одмор помеѓу двата периода на овој фудбалски натпревар.

Во второто полувреме ние дојдовме до целосен пресврт, во 52.минута преку Крстева Кристина поведовме до 1-2 на оваа средба од 17.коло во втората по квалитет женска фудбалска сениорска конкуренција. Противникот успеа во 60.минута да ја врати резултатската симетрија и изедначи на 2-2. Потоа двата тима имаа свои прилики, но мрежите останаа „мирни“ па дуелот заврши со резултатот постигнат во 60.минута, односно со конечни 2-2.

Во игра од клупата кај нас на оваа средба влезе една девојка, во 74.минута во игра ја уфрливме Пачовска Анастасија.