Пионерите без бодови од гостувањето во Штип

Висока победа за КУЛ генерација 2007 на натпреварот против Форца
05/21/2022
Во вторник, ќе се одигра 2.елиминациско коло во Детската Лига на ФФМ
05/23/2022

Пионерите без бодови од гостувањето во Штип

Денес пионерските екипи на ФК КУЛ гостуваа во Штип, ние бевме гости кај тимот на ФК Брегалница на дуелите кои се одиграа на игралиште „Бело Брдо“ во Штип.

Помладите пионери на ФК КУЛ беа поразени со резултат 4-0 (2-0) од штипјани на денешниот дуел од 24.коло во Супер лигата.

КУЛ започна со овој состав: Диковски Даниел, Трпевски Петар (К),Стојановски Матеј,  Спасовски Александар ,  Имеров Илхан,  Јовановски Никола, Бошнаков Јован. Љамалари Фисник,  Спасовски Дамјан,  Камчев Стојанче и Костадинов Невен.

Во првиот дел двата тима имаа свои прилики за погодок, домаќинот ги искористи своите и овој период го доби со два гола предност. Најпрвин поведоа со 1-0 во 29.минута, а шест минути потоа во 35.минута поведоа и со 2-0 на оваа средба. Ние имавме три големи прилики кои за жал не ги претворивме во погодок, од слободен удар се закани Костадинов Невен. Исто така и ударите од дистанца на Камчев Стојанче  и Јовановски Никола не донесоа погодоци, па на одмор заминавме со 2-0 за штипјани.

Во вториот дел повторно имавме убави прилики, неколку пати и ја погодовиме конструкцијата од голот на домаќинот. Камчев Стојанче  шутна силно, сепак неговиот удар заврши во стативата од голот на ривалот. Гредата во овој втор дел ја затресе Јовановски Никола со одличен удар на кој му фалеа неколку сантиметри да заврши во целта.  Брегалница со головите во 59 и 73.минута ги постави конечните 4-0 на натпреварот.

Кај нас во 60.минута од клупата во игра прилика за настап доби на оваа средба Лазовски Петар.

Пионерите на КУЛ на ова гостување беа поразени со резултат 4-1 (2-0).

Домаќинот победата ја најави уште во првиот дел кој го доби со два гола позитива. За време на паузата домашниот тим водеше со резултат 2-0, со головите постигнати во 12.минута  и 43.минута на натпреварот.

На самиот почеток на вториот дел по три минути, во 48.минута Брегалница поведе со 3-0. Ние успеавме да намалиме во 82.минута, за 3-1 стрелаше Цамиќ Белмин. Конечните 4-1 беа поставени на пет минути до крајот на регуларните 90.минути од овој суперлигашки пионерски дуел.

Натпрварот го започнавме со следниот состав: Димитриевски Давид,  Богдановски Томислав, Фејзула Осман, Ахмедов Мохамед, Наков Борјан,  Васиќ Даниел,  Цамиќ Белмин , Нацев Бојан, Амети Лулзим , Филиповски Стефан и  Цветановски Матеј (К).

Во игра кај нас влегоа: Зекири Адис, Стефановиќ Владимир и  Панов Матеј.