Вонредно коло во младинските лиги, на програмата е претпоследното 25.коло против екипата на Скопје

Во вторник, ќе се одигра 2.елиминациско коло во Детската Лига на ФФМ
05/23/2022
Шест бода за кадетите и младинците на КУЛ од дуелите со ФК Скопје
05/24/2022

Вонредно коло во младинските лиги, на програмата е претпоследното 25.коло против екипата на Скопје

Претстојниве денови на програмата е вонредното 25.коло во младинските лиги, или претпоследно за оваа натпреварувачка сезона. Противник за нашиот клуб ќе биде екипата на ФК Скопје. Натпреварите со овој противник ќе се одиграат во вторник и четврток.

Во вторник (24.05) на Цементарница ќе се одиграат натпреварите на кадетите и младинците, во термините од 10:00 и 12:00 часот, додека во четврток (26.05), во термините од 15:00 и 17:00 часот со пионерските екипи ќе гостуваме на теренот во Нова Колонија.