Шест бода за кадетите и младинците на КУЛ од дуелите со ФК Скопје

Вонредно коло во младинските лиги, на програмата е претпоследното 25.коло против екипата на Скопје
05/23/2022
Победи за пионерските екипи на натпреварите со Скопје
05/26/2022

Шест бода за кадетите и младинците на КУЛ од дуелите со ФК Скопје

Денес, во рамки на 25.коло од кадетската Супер лига, КУЛ беше домаќин на ФК Скопје на дуел кој се одигра на стадиионт „Цементарница“. Момците на Драган Стефановски доминираа на оваа средба и дојдоа до победа со резултат 5-1 (3-0).

Ние започнавме со овие 11: Цветковски Мартин,  Митревски Јован (К) , Мицевски Марко,  Фејзула Мухамедин,  Јанкулоски Бојан, Методиевски Дарио,  Стоимов Димитар,  Филиповски Стефан, Цамиќ Белмин,  Фејзула Осман и  Наков Борјан.

Нападнавме по првата судиска свирка, прв обид кој заврши во гредата на гостинот имаше Цамиќ Белмин. Се играше 18.минута од корнер одлично од десната стана нафрли Стоимов Димитар , топката дојде до капитенот, Митревски Јован кој стрелаше за 1-0. Асистентот на голот, Стоимов потоа се обиде со удар кој голманот на гостите го скроти. Ние напаѓавме и имавме целосна контрола на оваа средба. Атакуавме на удвојување на предноста, во тоа успеавме преку Цамиќ Белмин кој погоди за комотни 2-0 на оваа кадетска средба. До крајот имавме неколку прилики, една претворивме во погодок, за 3-0 стрелаше Методиевски Дарио, резултат кој подоцна се покажа како конечен за првите 45.минути на дуелот од вонредното 25.коло во кадетскиот шампионат.

Вториот дел започна онака како што и беше текот на целиот прв дел, нашите момци имаа повеќе од играта во поле. Имавме три големи шанси за погодок, најпрвин се закани капитенот Митревски Јован, потоа играчите кои влегоа од клупата  Зафироски Виктор и  Зекири Адис имаа свои прилики за гол. По нерализираните шанси дојде и четвртиот погодок, за високи 4-0 вo 68.минута стрелаше Стојанов Филип . Гостинот успеа по едно наше опуштање да искористи прилика и да постигне почесен гол со кој намали на 4-1. Ние тргнавме да ги вратиме четирите голови предност на оваа средба, во тоа успеавме преку Зекири Адис, кој во 80.минута од дуелот   стрелаше за 5-1, со тој резултат се оконча оваа средба.

Во игра од клупата кај нас влегоа: Зафироски Виктор,  Стефановиќ Владимир, Стојанов Филип, Манасиевски Горјан,  Петровски Јордан и  Зекири Адис.

Потоа следнеше дуелот на младинските екипи на ФК КУЛ и ФК Скопје, на оваа средба гостинот не се појави па нашиот клуб впиша три бода со службен резултат 3-0. Односно од двете денешни средби освоивме вкупно шест бода на нашето конто.