Победи за пионерските екипи на натпреварите со Скопје

Шест бода за кадетите и младинците на КУЛ од дуелите со ФК Скопје
05/24/2022
Познати противниците за генерациите 2009 и 2011 во Детската Лига на ФФМ
05/26/2022

Победи за пионерските екипи на натпреварите со Скопје

Денес на теренот во Нова Колонија, пионерските екипи на Кул гостуваа кај екипата на Скопје. На двата натпревари нашиот клуб стигна до победи.

Помладите пионери први го одиграа натпреварот, на кој остварија победа со резултат 1:3. По првото полувреме имавме водство од 0:2, со головите на Фисник Љамалари во 8 и 25.минута од натпреварот. Во вториот дел од натпреварот видовме по еден гол во двете мрежи. Најпрво домашната екипа во 53.минута преку Станковски го намали резултатот на 1:2, за конечните 1:3 да ги постави нововлезениот Никола Јовановски.

КУЛ: Даниел Диковски, Лео Мутовиќ, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Александар Спасовски, Илхан Имеров, Омар Беровиќ, Фисник Љамалари, Невен Костадинов, Тарик Ризвановиќ и Олег Трифуновски.

Во игра влезе и Христијан Рајевски, Јован Бошнаков, Петар Лазовски, Дамјан Спасовски, Стојанче Камчев, Борис Павлов и Никола Јовановски.

Фаворитската улога ја оправдаа и нашите пионери кои славеа со убедливи 0:5. Борјан Наков беше играчот кој во 24 и 20.минута ни донесе водство од 0:2, за на полувреме да имаме и предност од 0:3 со голот на Матеј Цветановски во 37.минута од натпреварот. Имавме контрола на играта и во вториот дел, период во кој постигнавме уште два гола. Во второто полувреме, најпрво Адис Зекири во 61.минута зголеми на 0:4, за со голот на Осман Фејузула во 75.минута да поведеме и со 0:5, резултат кој беше и конечен на натпреварот.

КУЛ: Јордан Јосифов, Мохамед Ахмедов, Томислав Богдановски, Осман Фејзула, Бојан Нацев, Виктор Стефановиќ, Лулзим Амети, Борјан Наков, Белмин Цамиќ, Дамјан Љубомировски и Матеј Цветановски (К). 

Играа уште и Владимир Стефановиќ, Петар Станковски, Адис Зекири и Александар Блажески.

Во рамките на последното 26.коло кое ќе се одигра претстојниов викенд, нашиот клуб за противник ќе ја има екипата на Шкендија.