Познати противниците за генерациите 2009 и 2011 во Детската Лига на ФФМ

Победи за пионерските екипи на натпреварите со Скопје
05/26/2022
Со натпревари против Шкендија ја затвараме дебитантската сезона во најквалитетната младинска Супер лига
05/27/2022

Познати противниците за генерациите 2009 и 2011 во Детската Лига на ФФМ

Две наши екипи обезбедија пласман во 1/4 финалето на Детската Лига, што се однесува до екипи кои се натпреваруваат од скопско-кумановскиот регион во ова натпреварување. Тоа се генерациите 2009 и 2011 на Кул.

Познати се и противниците за нашите екипи, натпревари кои ќе ги одиграме во сабота.

Генерацијата 2009 во сабота со почеток од 16:00 часот за пласман на завршниот турнир, за противник ќе го има подобриот од натпреварот на Њу Старс и Тефејуз, додека генерацијата 2011 ќе ги одмери силите со екипата на Албарса, натпревар кој исто така во сабота ќе се одигра од 16:00 часот.

Доколку издвојуваме победи, со овие две генерации ќе играме на завршниот турнир на најдобрите екипи од цела Македонија.