Со натпревари против Шкендија ја затвараме дебитантската сезона во најквалитетната младинска Супер лига

Познати противниците за генерациите 2009 и 2011 во Детската Лига на ФФМ
05/26/2022
Генерациите 2007 и 2008 гостуваат кај Њу Старс
05/27/2022

Со натпревари против Шкендија ја затвараме дебитантската сезона во најквалитетната младинска Супер лига

Претстојниов викенд ќе финишира натпреварувачката сезона во најсилната младинска Супер Лига. Во рамките на последното 26.коло ќе одиграме натпревари со екипата на Шкендија.

Сите натпревари со овој противник ќе ги одиграме во сабота (28.05) во термините од 10:00 и 12:00 часот. Пионерските екипи се домаќини на Цементарница, додека со кадетите и младинците ќе гостуваме во Тетово.

Нашиот клуб обезбеди опстанок и во следната сезона ќе биде дел од најквалитетната младинска фудбалска лига.