Сашо Јанев ново име во стручниот тим на КУЛ

Женската екипа на Кул го освои првото место во втората лига, преглед на сезоната
07/03/2022
Пуштен во употреба Фан Шоп на КУЛ
07/09/2022

Сашо Јанев ново име во стручниот тим на КУЛ

Со задоволство објавуваме ново име во стручниот штаб на нашиот клуб. Во иднина тренер на генерацијата 2006 (пионери) ќе биде Сашо Јанев. Се работи за познат тренер на македонската фудбалска јавност, кој ќе биде дел од нашиот клуб.

 

Сашо Јанев ја започнува тренерската кариера во младинската школа на ФК Работнички, клуб во кој има работено и како помошен тренер во сениорскиот тим. Исто така во својата тренерска кариера бил дел од младинските екипи на ФК Вардар, со кој има освојувано трофеи, а последните се од изминатава натпреварувачка сезона, во која успеа со помладите пионери на Вардар да ја освои двојната круна во Македонија.

Јанев како играч има поминато голем број на клубови, а ќе биде запаметен како единствениот македонски фудбалер кој има настапувано во Копа Либертадорес, како играч на Емелек од Еквадор, исто така има и настапи за националната репрезентација.

Нашиот клуб му посакува топло добродојде, се надеваме на долга соработка и заеднички успеси.