КУЛ со генерацијата 2009 ќе земе учество на турнирот „Прилеп КУП 2022“

ЗАПОЧНА НОВА ФУДБАЛСКА ПРИКАЗНА, ЖФК ИСТАТОВ КУЛ ГО ИМАШЕ СВОЈОТ ПРВ СОБИР
08/04/2022
Победнички старт на турнирот „Прилеп КУП“ за генерацијата 2009, висок триумф против ФК Победа
08/20/2022

КУЛ со генерацијата 2009 ќе земе учество на турнирот „Прилеп КУП 2022“

Од 19-21.август, за прв пат ќе се организира турнир за млади фудбалски надежи „Прилеп Куп 2022“  во истоимениот град.  ФК КУЛ беше поканет и ќе се натпреварува со генерацијата 2009 предводена од Марко Арсовски.

Момците веќе се активни, летните подготовки им се во тек, па настапот на турнирот ќе им овозможи да ја подобрат формата и воиграноста  пред почетокот на сезоната. На турнирот во оваа генерација се игра 11 на 11, ќе се одиграат две полувремиња по 30.минути.

 Ние се наоѓаме во групата-Б со два ривала од Пелагонија, тимовите на ФК Битола и екипата која го организира овој турнир, тимот на  ФК Победа.

Ние настапуваме на теренот со вештачка  трева, дуелите ни се закажани за утре  (Сабота) 20.08.2022.  Со почеток во 9.00 часот,  Кул ќе игра против тимот на ФК Победа, потоа во  12.00 часот, ќе го одиграме натпреварот со екипата на ФК Битола. Финалниот ден  и натпреварите за медали се закажани за недела во оваа генерација.