Полуфинале за генерација 2009 на турнирот во Прилеп

Победнички старт на турнирот „Прилеп КУП“ за генерацијата 2009, висок триумф против ФК Победа
08/20/2022
ЖФК Истатов Кул продолжува со подготовки во пресрет на новата натпреварувачка сезона
08/25/2022

Полуфинале за генерација 2009 на турнирот во Прилеп

Генерацијата 2009 на ФК Кул ќе игра во полуфиналето на турнирот „Прилеп Куп 2022“ откако денес го доби и вториот натпревар во својата група.

После убедливата победа против екипата на Победа (6:0), момците на Марко Арсовски во рамките на 2.коло беа подобри од екипата на ФК Битола. Конечниот резултат гласеше 3:0. Заслужена победа за нашиот состав, кој беше подобар на теренот.

По првото полувреме имавме минимално водство од 1:0 со голот на Петар Крчаноски. Избраниците на Арсовски имаа контрола на играта и во вториот дел од натпреварот, кога зголемија на 2:0 преку Леон Андовски. Во овој период од дуелот, одлична двојна интервенција имаше нашиот голман, Бобо Георгиевски кој спаси чист погодок и спречи намалување на резултатот. За поубедлива победа од 3:0 се погрижи Никола Динов.

Утре во рамките на полуфиналето ќе играме со екипата на ФК Перак од Прилеп, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Пелистер и Битола.