Со победа, генерација 2011 го отвори турнирот „Гази Баба Куп“

Пионерите на Кул и Тетекс одиграа без победник, на контролен натпревар во Тетово
08/25/2022
Генерација 2012 подобра од Драчево Јуниор, на отварањето на „Гази Баба Куп“
08/26/2022

Со победа, генерација 2011 го отвори турнирот „Гази Баба Куп“

Генерацијата 2011 со победа го отвори меѓународниот младински турнир „Гази Баба Куп 2022“. Утрово на терените на ФФМ избраниците на Никола Никанчевски беа подобри од екипата на Шкендија со резултат 2:0.

Заслужена победа за нашите млади надежи кои покажаа повеќе на теренот од противникот. Освен постигнатите голови, имавме уште неколку добри прилики за поубедлив триумф. Првата голема прилика за отварање на резултатот ја имавме преку Лука Белевски, кој бие над голот, откако најпрво шутираше Зојчевски, голманот на тетовчани одбрани, на одбиената топка стигна Белевски кој не успеа да ја смести во голот. Сепак во следната акција, Лука Белевски успева да донесе водство од 1:0, откако прецизно му асистираше Зојчевски. Имавме контрола на играта и постојано бевме во атак кон противничкиот гол. Стефан Стојаноски имаше две прилики, но во двата наврати голманот на Шкендија успеа да одбрани. Во овој дел од натпреварот две интервенции имаше и нашиот голман Огнен Божиновски. На полувреме се замина со резултат 1:0.

Во вториот дел продолживме со офанзивната игра, прв кој се закани од слободен удар беше Стефан Стојаноски, одлично биеше, но противничкиот чувар на мрежата со одлична интервенција спаси поголема негатива за неговата екипа. Денес, Стојаноски заслужи да се запише во листата на стрелци, тоа му успева во следната акција, во која Белевски додаде до Стојаноски кој донесе предност од 2:0. Истиов играч од игра ја погоди и пречката од голот на Шкендија. Противникот речиси и да немаше поголема шанса во вториот дел, ние игравме мирно и паметно и на крајот обезбедивме победа со резултат 2:0.

Попладнево со почеток од 16:50 часот ќе го одиграме и второто коло, во кое за противник ја имаме екипата на Албарса.