Генерација 2012 подобра од Драчево Јуниор, на отварањето на „Гази Баба Куп“

Со победа, генерација 2011 го отвори турнирот „Гази Баба Куп“
08/26/2022
Кадетско-младинската екипа „тестираше“ со ССК
08/27/2022

Генерација 2012 подобра од Драчево Јуниор, на отварањето на „Гази Баба Куп“

Победнички старт на турнирот „Гази Баба Куп“ имаше и генерацијата 2012. Екипата предводена од Мики Тодоровски на отварањето на турнирот беа подобри од екипата на Драчево Јуниор. Натпреварот кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ заврши со резултат 4:2.

Добар натпревар за избраниците на Мики Тодоровски кои од стартот тргнаа офанзивно кон голот на Драчево. Стефан Николовски беше играчот кој го отвори резултатот, после асистенција од Давид Николов за водство од 1:0. На вториот гол не се чекаше многу време, откако Калин Спиров го пронајде Давид Николов, овој погоди за резултат 2:0. Спиров имаше можност да се запише во листата на стрелци, но немаше среќа и ја погоди само стативата од противничкиот гол. Пред крајот на првиот дел, Драчево Јуниор постигна гол и намали на 2:1, резултат кој беше актуелен на полувремето.

На самиот старт на од натпреварот во добра прилика се најде Николовски, сепак одбрани голманот, но не и во следната наша акција, кога на одбиена топка од голманот, Стефан Николовски биеше прецизно за предност од 3:1. Од слободен удар се обиде Дамјан Тодоровски,  но одбрани противничкиот голман. Во последните пет минути од натпреварот видовме два гола, по еден во двете мрежи. Најпрво Драчево Јуниор намали на 3:2, додека конечните 4:2 беа дело на Теодор Толевски.

Попладнево со почеток од 18:00 часот за противник ќе ја имаме екипата на Еуроспорт од Куманово.