Кадетите пропуштија „брдо“ шанси за погодок во Тетово

Шкендија подобра на пионерската средба
09/03/2022
Капитенот на Македонија, Андонова: „Цементарница“ ни овозможува врвни услови за тренирање, драго ми е што КУЛ е прволигаш
09/04/2022

Кадетите пропуштија „брдо“ шанси за погодок во Тетово

Кадетите на ФК КУЛ беа минимално поразени на пријателска средба од Шкендија во Тетово, момците на Стефановски-Гаге има повеќе игра во поле и далеку повеќе шанси, сепак беа совладани со  резултат 1-0 (1-0).

Стартни 11 за нас беа: Димитриевски, Љубомировски, Филиповски, Фејзула, Нацев, Васиќ, Наков, Цветановски, Цамиќ, Ахмети и Теновски.

Првиот дел заврши со минимално водство на домаќинот од 1:0. Ние имавме три  прилики за погодок, Дамјан Љубомировски прв се закани. Потоа свои прилики имаа Белмин Цамиќ и Наков Борјан. Они од единствената прилика успеаа да погодат, што потоа се покажа како круцијален гол за победа.

Во првиот дел имавме повеќе шанси, но во вториот период имавме далеку повеќе прилики и посед на топката. Ние бевме подобар тим во поле, создадовме дури осум одлични прилики од кој за жал не успеавме да погодиме ниту една, но бидејќи ова е контролен дуел задоволува трудот и желбата на момците. Три прилики во вториод дел имаше Матеј Цветановски кој најпрвин се закани од слободен удар, а потоа и од поле.

Наков Борјан имаше исто така три обиди во овој период, по една голема шанса со глава од непосредна близина пропуштија Васиќ и Цамиќ. На нашиот гол противникот се закани само еднаш сериозно, во овој дел, голманот Димитриевски беше на место.

Играа уште: Неделоковски, Горгиевски, Мијаков, Панов и Блажевски.