Капитенот на Македонија, Андонова: „Цементарница“ ни овозможува врвни услови за тренирање, драго ми е што КУЛ е прволигаш

Кадетите пропуштија „брдо“ шанси за погодок во Тетово
09/03/2022
(Фотогалерија) Македонската женска А-селекција тренираше на „Цементарница“
09/05/2022

Капитенот на Македонија, Андонова: „Цементарница“ ни овозможува врвни услови за тренирање, драго ми е што КУЛ е прволигаш

Изминатите неколку дена по победата над Летонија, избраничките на селекорот Изов Кирил, девојките од А-селекцијата на Република Македонија се подготвуваа за следнот тежок натпревар. Македонските фудбалкерки ги очекува тешко гостување и квалификациски натпревар кај селекцијата на Австрија.

Изминатите неколку дена тие работеа на нашиот стадион, репрезентативниот објекот на ФК КУЛ, „Цементарница“. Одличните услови и зелениот тревник овозможија одлична подготовка на девојките, она што радува е дека и во иднина истиот ќе биде „база“ на црвено-жолтите женски фудбалски селекции. Денес на последниот тренинг на „Цементарница“ пред заминувањето за Австрија за нашата веб-страница кратко интервју имаме со најдобрата македонска фудбалерка, капитенот Наташа Андонова.

На последниот натпревар, женската репрезентација ја забележа втората победа во квалификацискиот циклус, Македонија успеа да слави победа со 3:2 над Летонија. Нашиот капитен и најдобра фудбалерка, Наташа Андонова два пати успеа да се запише во листата на стрелци и еднаш да асистира, сепак таа како капитен заслугите ги лоцира кај остатокот од тимот.

Да бидам искрена за натпреварот против Летонија, како капитен сакам да им дадам комплименти на девојките за настапот. Не се навикнати премногу на пофалби, сепак кога е нешто добро е добро и сакам да ги пофалам сите девојки во селекцијата. Одигравме одлично, работиме вредно и посветено, тоа го покажавме на теренот на самиот натпревар кој беше тежок. Одигравме максимално од првата до последната минута, сите девојки дадоа максимум и сум горда што освоивме три бода на квалификациската средба.


Следен предизвик за Андонова и црвено-жолите А-репрезентативки е тешкото гостување кај селекцијата на Австрија, за истото капитенот вели:

Не очекува тешко гостување, ние посакуваме квалификациите да ги завршиме со најдобар можен исход. Ќе одиме во Австрија да одиграме еден добар натпревар и да се избориме за добар резултат, ќе дадеме максимум, работиме вредно изминатиот период, па се надевам на поволен исход од овој меч.

Македонската сениорска женска селекција изминатите денови работеше на стадионот „Цементарница“ , нашиот спортски објект им овозможи одлични услови за тренинг и подготовка. Андонова го потенцираше истото за крајот на ова интервју:

Искрено сум презадоволна од условите на стадионот „Цеменарница“, од тревникот и од сите услови што ги поседува овој стадион, тимот на ФК КУЛ, беше пријатно да се работи изминатиот период во оваа „база“. Исто така сакам да потенцирам дека навистина ми е мило дека сега се прволигашка женска екипа, која има добар терен и услови за тренинг и натпреварување. За крај на девојките од Истатов КУЛ им посакувам многу успех во престојната натпреварувачка сезона во Првата женска фудбалска лига- завршува капитенот на А-селекцијата на Македонија.

Капитенот на А-селецијата со момците од ФК КУЛ генерација 2009

Админ тимот на FCCOOL.MK и се заблагодарува на капитенот на Македонија, за интервјуто за официјалната страница на ФК КУЛ.

….

….

Дел од националната репрезентација се и четири девојки кои настапуваат за  ЖФК Истатов КУЛ, Ана Милчевска, Бојана Петкова, Теодора Ѓоргиевска и Александра Јовановска. Селектор е нашиот тренер, Кирил Изов, додека дел од стручниот штаб на А-селекцијата е и Тања Крстовска.