Бронзен медал за генерација 2012 на меѓународниот младински турнир во Војводина

Минимални порази за пионерите и младинците, на натпреварите против Вардар
09/17/2022
Се одигра првото коло во младинската Супер лига, резултати во сите четири категории
09/20/2022

Бронзен медал за генерација 2012 на меѓународниот младински турнир во Војводина

Генерацијата 2012 го освои 3.место на младинскиот меѓународен турнир во Војдовина (Србија). На турнирот учество земаа вкупно 12 екипи, а избраниците на Мики Тодоровски на крајот го освоија бронзениот медал.

Турнирот го отворивме со натпревар против екипата на Дунав, кој го добивме со резултат 3:2. Во рамките на 2.коло за противник го имавме тимот на Подунавац, ефикасен натпревар кој заврши со голем резултатски пресврт во наша корист. Иако противникот имаше водство од 0:3, на крајот нашите млади надежи се радуваа на победата со конечни 5:3. Со овие две победи, обезбедивме пласман во 1/4 финалето на овој турнир.

Таму, повторно за противник ја имавме екипата на Подунавац и повторно остваривме победа, овој пат со резултат 2:0. Во рамките на полуфиналето се сретнавме со екипата на ГДМ, од која бевме поразен со резултат 2:3. Иако имавме негатива од 0:2, сепак се вративме во натпреварот, израмнувајќи на 2:2, но противникот сепак на крајот успеа да слави, инаку оваа екипа и го освои турнирот.

Во борбата за 3.место избраниците на Мики Тодоровски беа подобри од екипата на Олимпик Белград, тука триумфиравме убедливо со резултат 5:0.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен нашиот играч, Давор Бошковски. Честитки до оваа генерација за освоената бронза, денес имаа напорен ден одигрувајќи пет натпревари.