Македонија ЃП дојде до бодови на пионерската средба

Помлади пионери без бодови од гостувањето кај Македонија ЃП
09/25/2022
Висок триумф за Истатов Кул на гостувањето кај Борец
09/27/2022

Македонија ЃП дојде до бодови на пионерската средба

Пионерите на КУЛ, беа гости во ова коло кај тимот на Македонија Ѓорче Петров, на оваа средба првиот дел заврши со минимална предност на домаќинот (2-1), во вториот период ривалот дојде до победа и освои три бода.

Стартен состав: Диковски Даниел, Цветков Јане, Петаноски Стојанов Гаврил, Трпевски Петар (К) Стојановски Матеј, Спасовски Александар, Имеров Илхан, Беровиќ Омар, Љамалари Фисник, Митров Бојан и Наумовски Лука.

Дуелот започна со офанзива на домаќинот кој успеа да поведе со погодоците во 10 и 11.минута и да поведе со 2-0. Ние се обидовме и направиме рамнотежа на оваа средба, нападнавме и успеавме да ја преполовиме негативата. Топката дојде до Беровиќ Омар  по асистенцијата на Наумовски Лука во 23.минута,  успеа да стрела и да намали на 2-1. Истите двајца момци имаа уште една комбинација, сепак Беровиќ не успеа да изедначи, па  резултат 2-1  се покажа како конечен за првите 45.минути.

Ние во вториот дел преку Митров Бојан и  Трпевски Петар се обидовме да дојдеме до реми, но не успавме во обидите. Домаќинот во вториот дел успеа да постигне три гола и да оствари победа со 5-1, на ова суперлигашко пионерско соочување од 2.коло.

Во игра влегоа: Лазовски Петар, Јовановски Никола, Камчев Стојанче и Спасовски Дамјан.