Висок триумф за Истатов Кул на гостувањето кај Борец

Македонија ЃП дојде до бодови на пионерската средба
09/25/2022
15 ГОДИНИ КУЛ, ОД СКРОМНИ ПОЧЕТОЦИ ДО БРЕНД ЗА МЛАДИ КАТЕГОРИИ
09/28/2022

Висок триумф за Истатов Кул на гостувањето кај Борец

Втора последователна победа за женскиот тим на Истатов Кул. Денес на натпревар од 4.коло, нашата екипа гостуваше на градскиот стадион во Велес кај тимот на ЖФК Борец. Убедлива победа оствари Истатов Кул со резултат 0:8 (0:4)

Тренерот Изов стартуваше со следниве 11-сетмина: Кристина Павлоска, Катерина Петкова, Ана Милчевска, Александра Јовановска, Сузана Бошковска, Симона Меијер, Теодора Ѓорѓиевска, Радица Чонева, Јована Вучичевиќ, Бојана Петкова и Кристина Петрушевска (К).

Уште на полувреме беше решен победник, кога Истатов Кул имаше висока предност од 0:4. Во 6.минута од натпреварот го отворивме резултатот со голот на Симона Меијер, додека со головите на капитенот, Кристина Петрушева во 18 и 20 минута го зголемивме резултатот на 0:3. Во 22 минута следеше погодок и на Бојана Петкова за резултат 0:4 на полувреме.

Голеадата продолжи и во вториот дел од натпреварот, Кристина Петрушева со својот хет-трик во 51 минута го зголеми водството на 0:5. Во последните десет минути од натпреварот избраничките на Изов постигнаа уште три гола во противничката мрежа, истите беа дело на Ива Здравеска, Кристина Петрушевска и Марта Станкова.

Денешната победа му ја посветуваме на македонската фудбалска легенда, Благој Истатов, кој почина на овој датум пред четири години.

Во рамките на следното коло не очекува дербито со екипата на Каменица Саса.