Павловска и Меијер дел од Македонија У19, која ќе настапи на квалификациски турнир за пласман на ЕП

Стартува Регионалната Скопска Лига, во првото коло КУЛ е домаќин на Аеродром
09/30/2022
Прва победа сезонава за помладите пионери, „падна“ Шкупи на Цементарница
10/01/2022

Павловска и Меијер дел од Македонија У19, која ќе настапи на квалификациски турнир за пласман на ЕП

Женската млада селекција на Македонија до 19 години во периодот од 4 до 10 октомври во Тбилиси, Грузија ќе биде учесник на квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство 2023 година.

Во групата 6 од Б лигата во рамките на првата рунда квалификации, покрај нашите млади фудбалерки се наоѓаат и селекциите на Грузија (домаќин) и Белорусија. Првимлоот меч го играме против Грузија на 4. октомври. Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир играме против Белорусија на 7. октомври.

Селекторот на младата женска селекција до 19 години, Астрит Мерко, повика и играчи од редовите на Истатов Кул. Се работи за Кристина Павловска и Симона Меијер од редовите на Истатов Кул.