Прва победа сезонава за помладите пионери, „падна“ Шкупи на Цементарница

Павловска и Меијер дел од Македонија У19, која ќе настапи на квалификациски турнир за пласман на ЕП
09/30/2022
Кадетите со реми, младинците без бодови од гостувањето кај Шкупи
10/01/2022

Прва победа сезонава за помладите пионери, „падна“ Шкупи на Цементарница

Помладите пионери на Кул стигнаа до првата победа сезонава, откако денес на Цементарница на натпревар од 3.коло беа подобри од екипата на Шкупи. Добар натпревар за нашиот тим кој покажа повеќе од противникот и на крајот заслужено стигна до првиот сезонски триумф.

Започнавме со следниве 11-сетмина: Христијан Рајевски, Михаил Крстевски, Јане Цветков, Петар Трајковски, Никола Ангеловски, Спасе Здравевски, Леон Ангелески, Стефан Атанасовски, Газменд Љамалари, Марко Стефановски (К) и Димитриј Карчев.

Нашиот состав беше поконкретен во првото полувреме и заслужи да има предност, сепак на полувреме се замина со почетните 0:0. Димитриј Карчев и Газменд Љамалари беа играчите кои уапти директен удар кон голот на Шкупи, сепак противничкиот голман во двата наврати успеа да ги скроти ударите. Најголемата шанса кај нас за отварање на резултатот ја имаше Стефан Атанасовски кој после центар шут од прекин,  биеше со глава во противничкиот шеснаесетник, голманот на Шкупи со одлична интервенција спаси негатива за својата екипа. Гостинот исто така имаше две прилики, но и тие не успеаа да погодат во овој дел од натпреварот.

На самиот старт на второто полувреме успеавме да го отвориме резултатот со голот на капитенот, Марко Стефановски кој погоди за 1:0. Избраниците на Стојан Тодоровски имаа контрола на играта и поголем посед на топка од противникот и може да се каже дека заслужено на крајот стигнаа до бодовите. Стефановски се обиде директно од корнер да го изненади противничкиот голман, кој беше на своето место, додека голема шанса за зголемување на резултатот имаше Стефан Атанасовски, кој после нафрлена топка од левата страна, биеше од прва но само крај голот. Истиов играч се обиде со удар од преку 20.метри но одбрани голманот на Шкупи со крајни напори. Во следната наша акција успеваме да зголемиме на 2:0 со голот  на Стефан Атанасовски кој доби употреблива топка, биеше прецизно по земја тресејќи ја противничката мрежа на противникот. Гостинот од Чаир речиси и да немаше посериозна прилика во вториот дел, едноставно бевме смирени до крајот обезбедувајќи ја првата победа сезонава.

Во игра кај нас на натпреварот влезе и Даниел Николовски.