Генерацијата 2009 без „милост“ против Аеродром, избраниците на Арсовски со висока победа ја стартуваа деби сезоната во Регионалната Скопска Лига

Прв бод сезонава за пионерите, кои одиграа со нерешен резултат во соочувањето со Шкупи
10/01/2022
Девет голови во мрежата на Аеродром, генерацијата 2008 имаше победнички старт на новата сезона
10/02/2022

Генерацијата 2009 без „милост“ против Аеродром, избраниците на Арсовски со висока победа ја стартуваа деби сезоната во Регионалната Скопска Лига

Генерацијата 2009 имаше импресивен старт во својата дебитантска сезона во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња. Избраниците на Марко Арсовски до врв ја наполнија мрежата на Аеродром 2018, славејќи висок триумф со резултат 9:0. Само едно полувреме беше доволно за нашите млади надежи да ја осигураат победата, со оглед дека на пауза заминаа со предност од 6:0.

Тренерот Арсовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Божидар Георгиевски, Матеј Манев, Матеј Ивановски, Филип Дукоски, Матеј Фидановски, Марко Стојановски, Јован Гиевски, Андреј Илијевски, Теодор Љубомировски, Петар Крчановски и Кирил Стојановски.

Филип Дукоски беше играчот кој имаше хет-трик во првиот дел од натпреварот, со голови во 8, 34 и 41.минута, додека во овој период во листата на стрелци се запишаа уште и Кирил Стојановски (20), Јован Гиевски (26) и Матеј Ивановски (30).

Иако имавме висока предност, не застаневме ниту во второто полувреме, период во кој постигнавме уште три гола. Се играше 50.минута кога со вториот гол на Кирил Стојановски зголемивме на 7:0, за во 60 минута во листата на стрелци да се запише и Марко Стојановски кој донесе водство од 8:0. Конечните 9:0 во 65 минута ги постави Јорго Цаца.

Тренерот Арсовски им даде шанса за настап на сите играчи кои беа на располагање за овој натпревар, па така во вториот дел во игра влегоа уште и Марио Николовски, Стефан Адамчевски, Јорго Цаца, Марио Антоновски, Иван Смилевски, Мартин Митановски и Горазд Ѓуроски.