ФК КУЛ генерација 2009 го „потопи“ Вардар, победа со „петарда“

Продолжува младинската Супер Лига со натпревари против А.Пандев
10/06/2022
Без победник на кадетското дерби меѓу Кул и Академија Пандев
10/08/2022

ФК КУЛ генерација 2009 го „потопи“ Вардар, победа со „петарда“

Момците на Марко Арсовски, КУЛ генерација 2009, денес во регионалната лига гостуваа на  стадионот „Локомотива“ кај тимот на ФК Вардар. Нашите момци на еден дуел на кој доминираа во сите аспекти на фудбалската игра дојдоа до висока победа со резултат 0-5 (0-2).


Состав КУЛ: Георгиевски Божидар, Илијевски Андреј, Манев Матеј, Ивановски Матеј, Љубомировски Теодор , Крчаноски Петар, Гиевски Јован, Стојановски Кирил, Дукоски Филип, Фидановски Матеј и Стојановски Марко.


Тргнавме офанзивно, ние бевме тимот кој доминираше на теренот тоа донесе водство. Поведовме со 0-1 преку Теодор Љубомировски кој го отвори овој натпревар со погодок. Доминиравме и по голот имамавме две прилики преку Кирил Стојановски за погодок, но голманот на домаќинот одбрани. Одличен пробив низ противничката одбрана имаше Стојановски Марко, асистираше во поле до Дукоски Филип, кој го исфрли противничкиот голман и стрелаше за 0-2. До крајот на првиот дел имавме голема шанса и за 0-3, од слободен удар се закани капитенот Матеј Ивановски, неговиот удар заврши над голот на противникот.


Доминацијата на нашите момци продолжи и во вториот период, ние бевме подобар противник на теренот. Арсовски менуваше и од клупата, сепак ние задржавме ритам и во овој дел. Најпрвин зголемивме на 0-3 преку Љубомировски Теодор, потоа тргнавме да ја удвоиме предноста од првиот дел, во тоа успеавме преку Јорго Цаца. Домаќинот се закани во две прилики потоа, на нашиот гол одличен беше Георгиевски Божидар. „Печат“ на средбата стави капитенот Ивановски Матеј со гол за конечните 0-5.