Порази за кадетките и младинките на Истатов Кул, на натпреварите против Тиверија

Без бодови за пионерските екипи на гостувањето во Струмица
10/08/2022
(Фотогалерија) КУЛ – А.Пандев ( кадети)
10/10/2022

Порази за кадетките и младинките на Истатов Кул, на натпреварите против Тиверија

Денес на Цементарница, натпревари од 2.коло во кадетската и младинската женска фудбалска лига одиграа екипите на Истатов Кул кои беа домаќини на ЖФК Тиверија. На двата натпревари, иако први успеавме да го отвориме резултатот, сепак на крајот бевме поразени.

Кадетките на Истатов Кул го загубија својот натпревар со резултат 2:3. Имавме предност од 1:0 со голот на Мила Миткова, па следеше израмнување од страна на противникот за 1:1. Нашата предност од еден гол ја врати Ева Тодорчевска, но до крајот на натпреварот противникот постигна два гола и славеше со резултат 2:3

Состав: Величе Стојанова, Ивона Блажевска, Мила Миткова, Катерина Трајкова, Каја Диневска, Глорија Гјошевиќ, Ева Тодоровчевска, Ема Нановска, Наталија Јованова и Ангелина Димишковска (К).

Убедливо бевме поразени на младинскиот натпревар, на кој Тиверија победи со резултат 1:6. Уште во 3.минута од натпреварот успеавме да поведеме со голот на Викторија Петкова, но сепак до крајот на првиот дел, гостинките од Струмица направија резултатски пресврт и на одмор се замина со резултат 1:2. Во вториот дел, противничката екипа постигна уште четири гола и забележа победа со пет гола разлика.

Состав: Љубица Ристова, Елена Крстеска, Елена Стаматовска, Ива Матиќ, Марта Станкова (К), Радмила Анџелковиќ, Тамара Милошевиќ, Ања Филипова, Анастасија Пачовска, Викторија Петкова и Сара Атанасовска.