КУЛ генерација 2008 и Шкендија одиграа 0:0

ФК КУЛ и Шкендија одиграа реми во дуелот од Регионалната лига кај генерација 2009
10/22/2022
Со неверојатен пресврт и три гола во 5.минути, помладите пионери ја совладаа Победа во Прилеп
10/23/2022

КУЛ генерација 2008 и Шкендија одиграа 0:0

Во рамки на 4.коло од Скопската регионална лига, ФК КУЛ генерација 2008 попладнево беше домаќин на ФК Шкендија. На оваа средба  како и кај помладите екипи кои играа претходно во регионалното натпреварување, дуелите завршија без голови, 0-0 (0-0).

КУЛ: Цветевски Ангел, Лазаров Дарган, Алексов Михаил,  Николовски Андреј, Демир Аган,  Велковски Теодор,  Талевски Трајче,  Ангелески Леон,  Арнаудов Ведран, Димковски Филип  и Муртиќ Тарик. 

Тргнавме офанзивно, на почетокот впишавме две прилики преку Талевски Трајче, кои за жал не ги претворивме во погодок. Добивме слободен удар, топката ја зема Ангелески Леон, за жал неговиот шут не донесе водство на оваа средба од регионалната лига. Цветевски Ангел на нашиот гол успеа да сопре два удара на тимот од Тетово и да не остави на почетниот резултат. Имавме повеќе од поседот кон крајот на првиот период на оваа средба. Најголемата прилика за нас во првиот период ја имаше Муртиќ Тарик, тој упати силен удар кој заврши во надворешнит дел од стативата на гостите. На одмор се замина со почетниот резултат 0-0, на овој натпревар.

Вториот дел започна како што заврши првиот, со доминација во поле на нашите играчи, тимот на ривалот беше претежно дефанзивно настроен во почетните минути. Во игра во овој период ги уфрливме Аврамовски Лука и Кузманов Андреј. Иако имавме повеќе од играта не успеавме да погодиме на оваа средба, па истата заврши со почетните 0-0.