ФК КУЛ и Шкендија одиграа реми во дуелот од Регионалната лига кај генерација 2009

Храбра игра на младинците и триумф против ФК Победа, голот на Попов вреден три бода
10/22/2022
КУЛ генерација 2008 и Шкендија одиграа 0:0
10/22/2022

ФК КУЛ и Шкендија одиграа реми во дуелот од Регионалната лига кај генерација 2009

Денес, во 4.коло од регионалната лига на домашен терен, ФК КУЛ генерација 2009 ја пречека екипата на Шкендија од Тетово. Оваа средба заврши со почетниот резултат 0-0 (0-0).

Кул: Георгиевски Божидар, Илијевски Андреј, Манев Матеј, Ивановски Матеј, Љубомировски Теодор, Крчаноски Петар, Стојановски Марко, Гиевски Јован, Стојановски Кирил, Дукоски Филип и Фидановски Матеј.

Првиот дел започна со офанзива на избраниците на Арсовски Марко, нашите момци имаа повеќе од играта во поле и создаваа прилики. По две прилики имаа двајца момци од нападот, Стојановски Кирил и Дукоски Филип, за жал нивните шанси не донесоа предност. Имавме повеќе од играта во поле, за разлика од ривалот кој беше дефанзивно ориениран во првиот период на оваа средба од регионалната лига. Последна прилика во првиот дел имаше капитенот Ивановски Матеј, чии удар не донесе погодок па на одмор заминавме со резултат 0-0.

Вториот дел беше идентичен на првиот, имавме голем број на шанси, повеќе посед и игравме претежно на противничката половина. Два удара од дистанца на почетокот имаше Ивановски Матеј. На 25.метри топката ја доби Дукоски Филип, исфрли еден играч и упати силен удар кој само ја „задрма“ гредата од голот на тетовчани. По прекин се префрливме пред голот на Шкендија, играчот од одбраната Љубомировски Теодор   со волеј се закани, но топката ја скроти противничкиот голман. До крајот остана 0-0, за одбележување е приликата од дистанца на нашиот капитен, дуелот заврши со почетните 0-0.

Играа уште: Цаца Јорго, Антоновски Марио, Адамчевски Стефан и Николовски Марио.