Храбра игра на младинците и триумф против ФК Победа, голот на Попов вреден три бода

Кадетите на КУЛ одиграа реми со ФК Победа
10/22/2022
ФК КУЛ и Шкендија одиграа реми во дуелот од Регионалната лига кај генерација 2009
10/22/2022

Храбра игра на младинците и триумф против ФК Победа, голот на Попов вреден три бода

Денес  младинците на ФК КУЛ  на стадионот  „Цементарница“  ја пречекаа екипата на ФК Победа од Прилеп. На оваа средба одигравме одлично и дојдовме до победа со резултат 1-0 (1-0), над тимот кој е актуелен шампион во младинската лига и играше во ЛШ поради тој факт.

КУЛ:  Јосифов Јордан, Зафироски Виктор , Мицевски Марко,  Ѓорѓиев Стефан, Митревски Јован (K), Љубомировски Дамјан, Методиевски Дарио, Манасиевски Горјан , Попов Горазд,  Дончевски Милан и  Стојанов Филип.

Првиот дел започна со цврста игра на двата тима, двата младински состави на оваа суперлигашка средба влегоа со желба за надигрување. Прва поголема прилика имавме ние во 19.минута преку  Стојанов Филип, кој упати удар со глава крај голот по нафрлување од десниот агол. Се играше 26.минута, топката дојде до Попов Горазд, кој упати одличен удар од 25.метра погодувајќи под гредата за наша предност, со неговиот гол поведовме со 1-0.  Нашата одбрана одлично се носеше со нападот на ривалот, ги расчисти сите опасности, свој удел имаше и голманот Јосифов Јордан. Со офанзивна игра во финишот ја зачувавме предноста и на одмор заминавме со гол предност, односно со резултат 1-0 за нас.

Вториот дел го започнавме офанзивно најпрвин се заканивме преку Попов Горазд, а потоа преку Љубомировски Дамјан. Ние со офанзивна игра, далеку од нашиот гол ја чувавме предноста на оваа средба. Противникот имаше обид кој го одбрани на нашиот гол Јордан Јосифов. До крајот се браневме умешно, се заканувавме по контра-напади. Нововлезениот, Фејзула Мухамедин имаше два удара кој не ги претвори во погодок. Капитенот, Митревски Јован изведе слободен удар кој заврши крај голот на прилепчани. Успеавме да дојдеме до важна победа на оваа средба, честитки до сите играчи за залагањето.

Играа уште: Фејзула Мухамедин, Миноски Леонид и  Петровски Јордан.