Во новото коло на Регионалната Скопска Лига, нашиот клуб за противник ќе ја има екипата на Шкупи. Нашите екипи до сега имаат одиграно по четири натпревари во двете категории, со оглед дека минатото коло против екипата на Работнички беше одложено.
На четири одиграни натпревари сезонава, генерацијата 2008 предводена од Горан Тодоровски има скор од две победи и по еден нерешен резултат и пораз. Генерацијата 2009 на исто толку натпревари оствари три победи и еден нерешен резултат.
Во продолжение можете да ги погледнете табелите.
Регионална Скопска Лига за повозрасни петлиња
Регионална Скопска Лига за помлади петлиња