ФК КУЛ повторно гостин на Партизан на дуел од КЛ

(ТАБЕЛИ) Помладите „петлиња“ високо котираат во Регионалната Скопска Лига
11/01/2022
Продолжуваат натпреварите во Супер Лигата, екипата на Брегалница е следен противник
11/03/2022

ФК КУЛ повторно гостин на Партизан на дуел од КЛ

Фудбалскиот клуб „Партизан“ повторно упати покана до ФК КУЛ за посета на Белград и следење на дуел од Конферециската лига.

Продолжуваме со воспоставената соработка со српскиот гигант. Утре ќе патуваме за Белград каде ќе бидеме примени од одговорните лица во клубот, нашите млади фудбалери ќе можат пред вечерниот дуел да го посетат стадионот, клупските простории и собата со трофеи на домаќинот. Вечерта сме поканети да бидеме гости на натпреварот од 6.коло во К.Л кој е клучен за домаќинот за пласман во следната плеј-оф фаза во ова европско натпрeварување.

Ќе присуствуваме со фудбалски надежи од нашата школа од генерацијата 2008 до генерацијата 2014 година на натпреварот меѓу Партизан и Словачко.