Бод за кадетите, младинците поразени на гостувањето кај екипата на Брегалница

ЖФК Истатов Кул убедлив против тимот на Кочани
11/05/2022
Фисник Љамалари донесе три големи бода, помладите пионери подобри од Брегалница
11/06/2022

Бод за кадетите, младинците поразени на гостувањето кај екипата на Брегалница

Кадетите одиграа со нерешен резултат, додека младинците беа поразени, на натпреварите од 7.коло во Супер Лигата против екипата на Брегалница. Денес нашите екипи гостуваа во Штип и на двата натпревари освоија еден бод.

Кадетските екипи на Брегалница и Кул ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 1:1. Двата гола паднаа во првиот дел од натпреварот и тоа во интервал од четири минути. Најпрво избраниците на Стефановски поведоа со 0:1, со голот на Борјан Наков, за само четири минути подоцна, екипата на Брегалница преку Неиколов да го израмни резултатот на 1:1.

Во вториот дел и двете екипи имаа свои обиди, но до крајот остана актуелниот резултат од првото полувреме. На крајот конечни 1:1 и поделба на бодовите на натпреварот во кадетската Супер Лига.

КУЛ: Давид Димитриевски, Владимир Стефановиќ, Осман Фејзула, Белмин Цамиќ, Борјан Наков, Мохамед Ахмедов, Даниел Васиќ, Дамјан Љубомировски, Бојан Нацев, Матеј Цветановски (К) и Александар Блажевски.

Младинците загубија на гостувањето во Брегалница со резултат 3:1. Гледавме натпревар со шанси на двете страни, на кој првата прилика ја имавме ние преку Фејзула, кој не успеа да реализира. Се играше 32.минута од натпреварот кога домаќинот поведе со 1:0 со голот на Аџијев, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Во вториот дел тргнавме офанзивно, тоа донесе и резултат, кога после само четири минути игра со голот на Леонид Миноски го израмнивме резултатот на 1:1. На голот претходеше продот на Фејзула, кој додаде до Митревски, капитенот асистираше до Миновски, кој успеа да се запише во листата на стрелци. Лесно можевме да направиме и резултатски пресврт, по кој сигурно дека натпреварот ќе се движеше во друг правец. Горјан Манасиевски немаше среќа кога со волеј удар ја погоди пречката, па остана актуелниот резултат. Во 65 и 70.минута од натпреварот екипата на Брегалница погоди со головите на Колев и Пачемски, за конечни 3:1 на натпреварот кој се одигра на игралиштето во „Бело Брдо“.

КУЛ: Јордан Јосифов, Виктор Зафироски, Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Јован Митревски (К), Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски, Мухамедин Фејзула, Леонид Миноски, Филип Стојанов и Јордан Петровски.