Фисник Љамалари донесе три големи бода, помладите пионери подобри од Брегалница

Бод за кадетите, младинците поразени на гостувањето кај екипата на Брегалница
11/05/2022
Прв триумф сезонава за пионерите, падна Брегалница на Цементарница
11/06/2022

Фисник Љамалари донесе три големи бода, помладите пионери подобри од Брегалница

Помладите пионери на Кул стигнаа до голема победа, на натпревар од 7.коло во помладата Пионерска супер Лига. Денес на Цементарница бевме домаќини на екипата на Брегалница, од која бевме подобри со резултат 2:0, со два гола на Фисник Љамалари.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Христијан Рајевски, Јане Цветков, Гаврил Петаноски, Никола Ангеловски, Михаил Крстевски, Димитриј Карчев, Спасе Здравески, Газменд Љамалари, Фисник Љамалари (К), Марко Стефановски и Стефан Атанасовски.

Нашите помлади пионери имаа повеќе од играта во првиот дел од натпреварот, штета што на полувреме немавме предност барем од еден гол разлика. Првиот обид кон противничкиот гол го имаше Марко Стефановски кој шутираше над голот, додека прва посериозна прилика имавме преку Спасе Здравески, кој после една наша добра акција која тргна од средината на теренот, упати удар од некаде 20-сетина метри, но голманот на Брегалница одбрани со крајни напори и исфрли во корнер. Можевме да го отвориме резултатот, но немавме среќа кога Газменд Љамалари од слободен удар ја погоди стативата од противничкиот гол, на одбиената топка стигна Стефановски кој биеше над голот, па резултатот остана непроменет. Продолживеме со нападите, после една акција, Михаил Крстревски биеше од голема далечина, но ја погоди само пречката од голот на штипјани. Во последните две минути од првиот дел, гостинскиот тим ја имаше својата прва посериозна прилика, кога после една акција и центар шут од десната страна, еден од играчите на Брегалница биеше со глава од непосредна близина, но на нашиот гол сигурен беше Рајевски кој одбрани. На полувреме се замина со почетниот резултат 0:0.

Гледавме брз и динамичен натпревар и во вториот дел од натпреварот, на кој нашиот тим успеа да постигне два гола и на крајот да стигне до голема победа. Екипата на Брегалница беше поконкретна на стартот од второто полувреме, имаше два опасни удари кон нашиот гол, кои Христијан Рајевски со одлични интервенции ги скроти. Кај нас се обидоа Газменд Љамалари и Марко Стефановски, но немаше се уште промена на резултатот. Екипата на Брегалница имаше голема шанса да го отвори резултатот, со удар од белата точка, после направен прекршок во нашиот шеснаесетник. Противникот не успеа да реализира, односно ударот на еден од нивните играчи заврши крај голот, па така остана голема пропуштена прилика за гостинската екипа. Ние успеавме да казниме и да го отвориме резултатот на 1:0, со голот на Фисник Љамалари, кој со освртување и силен и прецизен удар, од некаде 18 метри успеа да го совлада гостинскиот голман и да донесе голема радост за нашиот клуб во 75 минута.

Претходно во голема прилика, после една мешаница се најде Гаврил Петаноски, кој од неколку метри не успеа да го совлада голманот на Брегалница. Конечните 2:0 ги постави со нов гол Фисник Љамалари, кој погоди на одлична асистенција од Стефановски во 85 минута. Големи три бода за помладите пионери кои денес победија на еден тежок терен за игра, со оглед на лошите временски услови.

Во игра влегоа уште и Петар Трајковски, Даниел Николовски, Леон Ангелески, Лука Тасевски, Марко Ристовски и Лука Северов.