Кадетите со високи 5:1 подобри од Милано

Пионерите до 3.бода со головите на Атанасовски, помладите без бодови од Куманово
11/26/2022
Младинците со голот на Попов дојдоа до победа
11/27/2022

Кадетите со високи 5:1 подобри од Милано

Кадетите на ФК КУЛ дојдоа до убедлива победа над тимот на ФК Милано од Куманово. Нашите момци денес на „Цементраница“ ја совладаа екипата од Куманово со резултат  5-1 (3-0).

КУЛ: Димитриевски Давид,  Теновски Кристијан, Фејзула Осман ,  Цамиќ Белмин ,  Ахмедов Мохамед , Наков Борјан ,  Васиќ Даниел ,  Нацев Бојан ,  Цветановски Матеј (К), Филиповски Стефан и  Блажески Александар.

Кадетите тргнаа офанзивно по првата судиска свирка на оваа средба, веќе во 3.минута се заканивме преку Васиќ Даниел. Нашата офанзива беше наградена во 5.минута, кога стрелаше за 1-0, Филиповски Стефан. По голот тргнавме на удвојување на предноста,  Блажески Александар упати удар над голот. Веќе во 15.минута имавме удвојување на предноста, со удар од 15.метра поведовме со 2-0, стрелец на голот беше Цамиќ Белмин. Имавме повеќе од играта на оваа средба, креиравме шанси, добивме слобен удар на 20.метра, со удар над „живиот ѕид“ мајсторски погоди Филиповски Стефан за високи 3-0. Сепак не застанавме тука до крајот две прилики имаше и капитенот, Цветановски Матеј најпрвин шутна над гредата, потоа неговиот удар голманот на гостите го одби во корнер. На пауза заминавме со високи 3-0 на оваа кадетска средба.

Вториот дел започна со исти ритам, ние напаѓавме на самиот почеток. Во 55.минута поведовме со убедливи 4-0, стрелец на овој гол беше капитенот Цветановски Матеј. Истиот играч по голот имаше две прилики за „петарда“. Удар за погодок за нас имаше и Васиќ Даниел, неговиот шут мина крај голот. Противникот на 10.минути пред крајот намали на на три гола со погодок за 4-1. Нашите момци тргнаа и ја вратија предноста од четири гола, за 5-1 стрелаше  Наков Борјан, со неговиот погодок дојдовме до висока победа која донесе три бода на оваа кадетска средба од 9.коло во Супер лигата.

Играа уште:  Спасовски Александар,  Стојановски Матеј и  Мијаков Благој