Младинците со голот на Попов дојдоа до победа

Кадетите со високи 5:1 подобри од Милано
11/27/2022
Нов триумф за помладите петлиња, генерацијата 2008 поразена од Њу Старс
11/27/2022

Младинците со голот на Попов дојдоа до победа

Младинците на ФК КУЛ, денес беа домаќини на  тимот на ФК Милано од Куманово. Нашите момци  на „Цементарница“ дојдоа до минимална, но значајна победа со резултат 1-0 (0-0).

КУЛ: Јосифов Јордан, Зафироски Виктор, Мицевски Марко, Ѓорѓиев Стефан, Исмаиљи Суфјан, Митревски Јован, Методиевски Дарио , Попов Горазд ,Стојанов Филип, Љубомировски Дамјан, Дончевски Милан.

На почетокот на дуелот, Ѓорѓиев Стефан се закани за нас, неговиот удар не донесе водство. Противникот имаше две прилики од кој едната заврши во стативата.  Веќе во 15.минута моравме да правиме принудна измена, поради повреда капитенот Митревски Јован го напушти дуелот. Се играше црврт и борбен дуел, двојна шанса имаше за нашиот тим Попов Горазд, сепак за жал неговите удари не донесоа предност. Во финишот нашите младинци на оваа суперлигашка средва се заканија уште два пати, по една прилика за нас имаа   Исмаиљи и Методиевски. На пауза заминавме по 45.минути фудбал со почетниот резултат 0-0.

Вториот дел на оваа младинска  суперлигашка средба  од деветтото коло која се играше на „Цементарница“ донесе цврста игра, двата младински тима одиграа одличен, борбен и бозбудлив втор дел. Нашиот труд во поле на оваа средба беше награден со погодок во 72.минута, „таличен“ за кумановчани беше Попов Горазд со чии гол поведовме со 1-0. Во последните 20-сетина минути успеавме да ја задржиме предноста и да освоиме важни три бода од овој натпревар.

Игра уште во нашиот младински тим на оваа средба и Миноски Леонид, Миланоски Илче, Петровски Јордан и Манасиевски Горјан.