Наков донесе три бода за кадетите од гостувањето кај Шкендија, младинците без бодови

КУЛ е нов лидер во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња
11/29/2022
Кул против Милано, во рамките на 10.коло на Регионалната Лига
12/01/2022

Наков донесе три бода за кадетите од гостувањето кај Шкендија, младинците без бодови

Денес во рамки на 10. вонредно коло во Супер Лигата, тимот на ФК КУЛ, со кадетската и младинската екипа гостуваше кај тимот на ФК Шкендија. На дуелите во Тетово, остваривме една победа и забележавме еден пораз.

Кадетскиот тим на КУЛ одигра одличен меч и успеа да ја победи Шкендија, ние дојдовме до три бода со резултат 0-1 (0-1).

КУЛ: Димитриевски Давид, Теновски Кристијан, Стефановиќ Владимир, Фејзула Осман , Цамиќ Белмин, Ахмедов Мохамед, Наков Борјан, Васиќ Даниел, Нацев Бојан, Цветановски Матеј и Филиповски Стефан.

Тргнавме храбро на почетокот и тоа донесе водство за нас, во 17.минута корнер одлично изведе Филиповски Стефан , на топката мајсторски со глава налета Наков Борјан и стрелаше за предност од 0-1. Гол кој се покажа како доволен за три бода, игравме одлично и ја зачуавме предноста до крајот.
Покрај погодокот на Наков Борјан имавме уште неколку шанси да ја затресеме мрежата на тетовчани на оваа кадетска средба. Една прилика имаше стрелецот на голот Наков, свои шанси имаа Васиќ Даниел и Цамиќ Белмин за нашиот кадетски состав.

Играше уште на оваа средба и Спасовски Александар кој во игра беше уфрлен од клупата во 77.минута на место на Стефановиќ Владимир.

Младинците на Шкендија беа подобар ривал и ги совладаа момците на ФК КУЛ со резултат 9-0 (4-0).

КУЛ: Јосифов Јордан, Зафироски Виктор, Ѓорѓиев Стефан, Исмаиљи Суфјан, Методиевски Дарио , Манасиевски Горјан, Попов Горазд, Фејзула Мухамедин, Дончевски Милан, Стојанов Филип и Блажески Александар.

Домаќинот најави сигурно освојување на бодовите во првите 45.минути кога поведоа со 4-0. Во вториот дел само ја потврдија победата резултат 9-0.

Во игра влезе во вториот дел Миноски Леонид.