Кул против Милано, во рамките на 10.коло на Регионалната Лига

Наков донесе три бода за кадетите од гостувањето кај Шкендија, младинците без бодови
11/30/2022
„Падна“ лидерот во лигата, помладите пионери подобри од Шкендија, Стефановски и Карчев донесоа три бода
12/01/2022

Кул против Милано, во рамките на 10.коло на Регионалната Лига

Во рамките на 10.коло во Регионалната Скопска Лига, генерациите 2008 и 2009 се домаќини на екипата на Милано од Куманово.

Натпреварите со овој противник се закажани за недела (04.10), во термините од 11:00 и 13:00 часот.

Кај генерацијата 2009, нашиот тим е фаворит за освојување на бодовите, со оглед дека Милано на девет одиграни натпревари има само 2 освоени бодови, додека Кул на седум натпревари има 19 бодови и се наоѓа на првото место.

Поинтересен натпревар не очекува кај генерацијата 2008, тука Милано високо котира на третото место со 16 бодови, додека ние се наоѓаме на осмата позиција со 11 бодови.