„Падна“ лидерот во лигата, помладите пионери подобри од Шкендија, Стефановски и Карчев донесоа три бода

Кул против Милано, во рамките на 10.коло на Регионалната Лига
12/01/2022
Голем триумф за пионерите, Шкендија без бодови замина од Цементарница
12/01/2022

„Падна“ лидерот во лигата, помладите пионери подобри од Шкендија, Стефановски и Карчев донесоа три бода

Денес на Цементарница, натпревар од вонредното 10.коло против екипата на Шкендија одиграа помладите пионери, кои славеа со резултат 2:0 (1:0).

Избраниците на Стојан Тодоровски покажаа повеќе од противникот на овој натпревар и сосема заслужено стигнаа до победа, Со по еден гол во двете полувремиња, нашите млади надежи стигнаа до петтиот сезонски триумф. Уште во 13.минута од натпреварот успеавме да ја затресеме мрежата на Шкендија. Се играше акција од десната страна, од каде Спасе Здравевски беше играчот кој упати центар шут во противничкиот шеснаесетник, на вистинското место се најде Марко Стефановски, кој добро ја прими топката и упати удар кој заврши во мрежата на тетовчани, за предност од 1:0. Имавме уште неколку обиди во овој дел од натпреварот, но немаше нова промена на резултатот

Во второто полувреме исто така имавме поголем посед на топка и неколку шанси. Една од нив претворивме во гол. Се играше 55.минута кога после изведен корнер на Газменд Љамалари, успевме да го зголемиме резултатот, голот за 2:0 го постигна Димитриј Карчев кој беше највисок во скокот со глава, успевајќи да се запише во листата на стрелци. Голема шанса на натпреварот имаше и Финсик Љамалари, кој беше осамен со голманот, но противничкиот чувар на мрежата беше поуспешен. Шкендија во неколку наврати се закани кон нашиот гол, но денес Христијан Рајевски не дозволи да биде совладан. На крајот победа за нашиот состав со резултат 2:0.

Шкендија е лидер во помладата пионерска Супер Лига и без разлика на поразот од нашиот состав ќе остане есенски шампион. Честитки за нашите момци за победата, со оглед дека беше остварена против лидерот во лигата.

КУЛ: Христијан Рајевски, Михаил Крстевски, Јане Цветков, Гаврил Петаноски, Никола Ангеловски, Фисник Љамалари K), Леон Ангелески, Газменд Љамалари, Марко Стефановски, Спасе Здравевски, Димитриј Карчев.

Играа уште и Даниел Николовски, Лука Северов, Лука Тасевски и Ангел Шавгановски.